Ваучерите за домашен туризам го ублажија падот на бројот на туристи во август во земјава

-

Доделените ваучери за домашен туризам од владата ја спасија туристичката сезона во земјава. Бројот на туристите во август 2020 г. бил намален за 38 отсто, а бројот на ноќевања опаднал за 24 отсто во споредба со идентичниот период лани. Сепак, домашните туристи во август биле побројни за 9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а оствариле и за 1,1 отсто повеќе ноќевања во однос на август 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

За разлика од нив, многу лоши податоци има за странските туристи, кои во август 2020 година биле намалени за дури 93 отсто, а бројот на нивни ноќевања опаднал за 91 отсто во споредба со истиот период од 2019 година. Од овие резултати, може да се заклучи дека ваучерите за домашен туризам сепак многу ќе му помогнат на туристичкиот сектор за да ги пополни испразнетите капацитети поради ковид-19 пандемијата.

Инаку, ваучерите што им беа поделени на 117.122 граѓани со ниски приходи можат да се искористат во домашните сместувачки капацитети и угостителските објекти до 15 декември годинава. Покрај можноста овие граѓани да добијат бесплатен одмор на товар на државниот буџет, овој владин потег треба да ги ублажи штетите во туристичкиот сектор поради отсуството на странски гости.

Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60 отсто, додека бројот на ноќевањата опаднал за 45 отсто.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...