fbpx

ДЗС: Пад на индустриското производство во август од 9,1 отсто

-

Пад на индустриското производство од 9,1 отсто имало во август годинава во споредба со истиот месец во минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 8,9 отсто, секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 8,1 отсто, а секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 12,3 отсто.

„Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, гума и производи од пластични маси, неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи, електрична опрема, машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки“, соопштија од Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, производството во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај „енергијата“ за 18 отсто, интермедијарни производи за 1,2 отсто, капитални производи за 12,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 45,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Инаку, индустриското производство во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година е намалено за 13,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...