Во јули индустриското производство помало за 9,5 отсто, бројот на вработени опаднал за 6,2 отсто

-

Корона кризата продолжува да го зема својот данок преку намалување на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во нашата земја. Од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци од годинава.

Податоците за јули 2020 година покажуваат забавување на падот на индустриското производство. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2020 година изнесувал 90,5, или за 9,5 отсто помалку во однос на јули 2019 година,

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 36,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 10,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,1 отсто, Капитални производи за 17,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 37,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 93,8, односно вработеноста во индустријата била помала за 6,2 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 0,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 6,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто, Капитални производи за 10,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...