Ковид-19 предизвика историски негативни резултати во транспортот на патници во земјава

-

Јавниот превоз во градовите, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз и патничкиот железнички сообраќај во вториот квартал од годинава регистрираа убедливо најмал број на превезени патници што некогаш е забележан во едно тримесечје во историјата на нашата земја. Транспортните компании претрпеле милионски загуби на патници во периодот од април до јуни 2020 година, кога беа на сила и најстрогите мерки за заштита од ширење на корона вирусот во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Градско-приградскиот превоз, којшто го вклучува јавниот превоз во сите градови низ земјава, во второто тримесечје од годинава имал само 6.746.000 превезени патници, односно за дури 11.824.000 патници помалку во споредба со идентичниот квартал од 2019 година.

Покрај ваквото намалување од 63,7 отсто кај бројот на патници во јавниот превоз, за над 1.300.000 патници е намален бројот на превезени лица во националниот и меѓународниот автобуски превоз. Од април до јуни 2020 година со автобускиот превоз биле превезени 390.000 патници, додела лани во истото време имало 1.713.000 патници.

Најголеми загуби од корона кризата во изминатото тримесечје претрпеле автотранспортните компании кои сообраќале на меѓународните дестинации, бидејќи статистичките податоци покажуваат дека во периодот април-јуни 2020 година не бил превезен ниту еден патник во меѓународниот автобуски сообраќај.

Исклучително лоши резултати бележи и патничкиот железнички сообраќај, кој и онака во изминативе неколку години има континуираното намалување на бројот на превезени патници. Во вториот квартал од годинава со воз патувале единствено 28.000 патници, наспроти 147.000 патници што биле регистрирани во второто тримесечје од 2019 година. Како и кај автобускиот превоз, и во железничкиот сообраќај не е превезен ниту еден патник во меѓународниот сообраќај.

Огромното намалување на бројот на патници е резултат првенствено на долгите полициски часови што беа воведени изминатава пролет за граѓаните и ограничувањето на превозот на патници до 50 отсто од вкупниот капацитет на возилата, мерка што беше на сила до пред неколку недели. Воедно, работењето од дома на дел од населението и стравот кај граѓаните од користење на масовен превоз заради опасноста од ширење на корона вирусот придонесе граѓаните да го избегнуваат патувањето со автобусите и возовите.

Корона кризата во нашата земја се смета дека најголеми последици ќе остави токму кај приватните автотранспортни компании, кои учествуваат во меѓународниот и меѓуградскиот автобуски превоз, но сообраќаат без субвенции доделени од државата. За разлика од нив, функционирањето на јавниот превоз во Скопје и во дел од останатите општини од државата е делумно субвенционирано од локалните самоуправи, додека Министерството за транспорт и врски преку средства од државниот буџет секоја година префрла средства на Железници на РСМ-Транспорт за покривање на дел од загубите во патничкиот железнички сообраќај.

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката Дошница, чии...

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, 11 годишно момче во критична состојба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски...

На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Граѓаните во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат повторно приклучување на Велика Британија во ЕУ

Десет години откако пратениците гласаа за одржување на референдум што доведе до напуштање на Велика Британија на Европската Унија, анкета покажа дека мнозинството во четирите најголеми земји-членки на блокот би го...

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката...