fbpx

ДЗС: Просечната плата продолжува да расте, во јули достигна 27.231 денар

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули година изнесува 27.231 денар, објави Државниот завод за статистика (ДЗС), и таа е за 8,5 отсто поголема од нето просечната плата во истиот месец минатата година. Или, индексот на просечната плата јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 108,5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на платите во секторот образование, за 12,7 отсто, во информации и комуникации кои се зголемиле за 12,4 отсто и во дејностите на здравствена и социјална заштита со пораснати плати за 12,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Највисока просечна нето плата во јули биле исплатена во компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности, 68.557 денари, што е за 14,4 отсто поголема од истиот месец лани, како и во снабдувањето со електрична енергија, гас пареа и климатизација, 39.869 денари, односно за 4,7 отсто поголема од просечната плата исплатена во јули 2019 година.

Најниската просечна плата во јули годинава, пак, е евидентирана во туристичките агенции и организатори на патувања, 16.410 денари и истата е за 6,6 отсто поголема од нето платите во истиот месец минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...