Во јули издадени помалку дозволи за градење на станови, но повеќе за инфраструктурни објекти

-

Градежниот сектор е една од гранките во економијата каде ударот на корона кризата е послаб, ако се суди според податоците на Државниот завод за статистика. Во јули 2020 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е идентична бројка во споредба со истиот месец од минатата година. Воедно, предвидената вредност на објектите што ќе се градат е над 82 милиони евра, што е за 6,7 отсто повеќе во однос на јули 2019 година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (58,5 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11, 6 отсто) за објекти од нискоградба и 85 (29,9 отсто) за објекти за реконструкција. Притоа, најголем придонес за растот на предвидената вредност на објектите имаат издадените дозволи за изградба на објекти од нискоградба, односно инфраструктурните зафати.

Наспроти нив, статистичките податоци покажуваат дека во јули 2020 година биле издадени одобренија за градење на 747 станови, со вкупна корисна површина од 59. 303 метри квадратни. Во споредба со јули минатата година, бројот на предвидени станови за градење годинава е намален за 36,9 отсто, додека нивната корисна површина опаднала за 26,3 отсто.

Скопскиот регион и во јули останал најинтересен за инвеститорите во изградба на нови станбени единици, со издадени одобренија за градење на 222 станови. Од нив, најмногу градежни дозволи во седмиот месец биле издадени од Општина Аеродром за изградба на 143 станови.
.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...