fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, одат по улица, заобиколувајќи ги возилата на тротоарите

Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово секој ден одат на училиште загрозувајќи го животот, бидејќи се принудени да одат по улица, поради тоа што на тротоарите околу училиштето постојано се паркирани возила. Општина Тетово претходно вети дека ќе се постават блокади околу ова и други училишта, во текот на првите денови од 2021 година, пишува Порталб.мк. „Во моментов...

Правилник за онлајн настава: За недолично однесување ќе се отстрануваат учениците од час и ќе добијат неоправдан изостанок

Ако ученик, за време на онлајн час се однесува вулгарно и недолично, односно дискриминира или користи непристојни зборови, вербално напаѓа и навредува соученици и наставник или пак, ако поттикнува електронско насилство и испраќа вознемирувачки коментари, ќе биде отстранет од часот и ќе добие неоправдан изостанок. Ова е наведено во Правилникот за однесување на наставниците и учениците за време на...

Проблемот со третманот на отпадот го „ставаме под тепих“, резултат ни се дивите депонии [мултимедија]

Изградбата на регионалните депонии со години наназад е „жежок костен“ во рацете на македонските власти, кои проблемот со реализација на проектите постојано си го префрлаат од локалната на централната власт и обратно. Како резултат на ова, по повеќе од една деценија наназад, во земјава не е формиран ниту еден современ систем за третман на отпадот со негова селекција и...

Странските директни инвестиции во третиот квартал бележат одлив од 5,4 милиони евра

Во текот на третиот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 5,4 милиони евра, како резултат на намалената реинвестирана добивка за 37,7 милиони евра, при зголемени инвестиции во меѓукомпаниски долг и сопственички капитал (за 24,1 и 8,2 милион евра, соодветно), покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Во периодот јануари-септември 2020 година, нето-приливите од 119,5...

Бочварски најави построга контрола на реализацијата на капиталните инвестиции

Многу бројки и ветувања, но кај дел од инфраструктурните проекти има доцнења во изведбата и пролонгирање на крајните рокови за изградба. Поради ова, државата на централно ниво догодина ќе формира единица за надгледување и реализација на капиталните проекти со цел да се испорача високо ниво на реализација. Ова го спомена министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната...

Екологистите бараат ревизија на законот и заштита на Шара од нови мали хидроцентрали

Граѓански организации бараат од Министерството за животна средина да направи ревизија на законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, бидејќи, како што велат, предложениот не нуди заштита од негативното влијание на малите хидроцентрали. Екологисти од 44 здруженија и иницијативи, со заеднички став, побараа и од министерот Насер Нуредини во меѓувреме, додека траат администратиувните процедури, да...

АРМ од Норвешка доби 13.500 брзи тестови за ковид, 10.000 му отстапи на јавното здравство

Министерството за одбрана денеска доби 13.500 брзи тестови за ковид-19, помош од Кралството Норвешка која ја побарало пред две недели, објасни министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Норвешка донација, од пред дванаесетина години, е и теренската болница што АРМ ја имаше поставено пред Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар во Скопје, а сојузничката земја на Македонија неколку пати и...

За повеќе велосипеди на улиците, догодина мора да се развива велосипедската мрежа, безбедноста и кејот на Вардар

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ сметаат дека 2021 година треба да биде ударна година за велосипедскиот сообраќај во Скопје, во која ќе се вложи во велосипедските патеки и ленти, односно во развој на велосипедската мрежа, а ќе се работи и на унапредување на безбедноста во сообраќајот за велосипедистите и на целосно ослободување на кејот на реката Вардар. Кон крајот на...

Битиќи-Реџепи: Капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура се одвиваат непречено

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со директорот на АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји. Битиќи на првиот работен состанок со директорот Реџепи...

Реконструкцијата на ТЕЦ Неготино ќе ги чини идниот инвеститор меѓу 100 и 500 милиони евра

Најавата на Владата дека ТЕЦ Неготино, или уште наречената „ладна резерва“ во енергетскиот систем, ќе се понуди на продажба в година, заедно со неколку други компании во сопственост на државата, разбуди „стари духови“ и отвори нови прашања поврзани со (не)работењето на оваа централа кои се наметнуваат во јавноста во последните 10, и повеќе години. Пред сè поради фактот дека...

Еколозите негодуваат, Владата вели намалените давачки за регистрација на возила нема да влијаат на аерозагадувањето

Бурни реакции од еколозите предизвика вчерашната владина седница, на која беше утврден текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, со кој целта е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи. Од...

Македонските аеродроми поради ковид-19 до октомври изгубиле над 1,5 милиони патници [инфографик]

Ковид-19 пандемијата во првите десет месеци од годинава предизвикала македонските аеродроми да изгубат над 1,5 милиони патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Огромните штети што ги трпи авиосообраќајот продолжиле и во октомври 2020 година, кога низ портите на аеродромите во Скопје и Охрид минале само 54.941 патник. Од јануари до октомври 2020 година во воздухопловниот превоз се регистрирани...

Две компании од Турција во конкуренција за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

На 24. седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата, информираат од таму. „Врз основа на извештајот Владата донесе Одлука за избор на...

Карантинот привремено го расчисти воздухот во Европа, но како последица од загадувањето сè уште умираат над 400.000 луѓе годишно

Карантинското затворање на земјите, како одговор на ширењето на Ковид-19 што се случи пролетта, придонесе за значително намалување на емисиите на загадувачи на воздухот, особено од патниот транспорт, авијацијата и меѓународната трговија, нотира Извештајот на квалитетот на воздухот во 2020 година на Европската агенција за животна средина. Сепак, загадениот воздух, кој е присутен и сега, и понатаму е причина за...

Се прават анализи колку ќе трае изградбата на автопатот Кичево-Охрид и по јуни 2021 година

Јавното претпријатие за државни патишта во моментов работи на анализа за тоа колкав период би се продолжил рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8. Сегашниот рок за негово завршување е 30 јуни 2021 година, но веќе е извесно дека по целата автопатска делница долга 57 километри нема да може да се вози на крајот од јуни наредната...

Намалено штедењето, минимален пораст кај кредитите во текот на октомври

Кај вкупните депозити во октомври 2020 година, е остварен пад од 0,2 отсто на месечна основа, којшто во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот домаќинства, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3 отсто, којшто целосно се должи на повисокото...

Десет камиони со згура од топилницата во Велес заминаа за Србија и Косово

Десет камиони со згура од почетокот на неделава од велешката топилница заминаа за Србија и Косово. Процесот на извезување на техногената минерална суровина веќе започна, а првите 300.000 тони ќе се преработуваат во соседството. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција информираше дека заради актуелната состојба со аерозагадувањето, меѓу општината и операторот е договорено активностите да бидат минимални...

Општините ќе добијат повеќе пари од ДДВ за справување со Ковид-19

Општините да добијат повеќе пари од данокот на додадена вредност за полесно да се справат со пандемијата од Ковид-19, предвидува предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Во предлог-законот се предвидува во 2021 година, висината на приходите од данокот на додадена вредност да се обезбедат во висина од 4,5 отсто од просекот на наплатениот данок...

Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници во земјава [инфографик]

Како последица на ковид-19 пандемијата, превозот на патници во земјава руши негативни рекорди. Авиосообраќајот, железничкиот транспорт, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз, како и јавниот превоз во градовите, бележат огромно намалување на бројот на превезени патници во првите девет месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-септември 2020 година, градско-приградскиот превоз го користеле 31.210.000 патници, а...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...