fbpx

Намалено штедењето, минимален пораст кај кредитите во текот на октомври

-

Кај вкупните депозити во октомври 2020 година, е остварен пад од 0,2 отсто на месечна основа, којшто во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот домаќинства, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3 отсто, којшто целосно се должи на повисокото кредитирање на „домаќинствата“, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор. Годишната стапка на раст на кредитите изнесува 6,7 отсто и е под влијание на зголеменото кредитирање на двата сектора, со повисоко учество на секторот „домаќинства““, соопшти Народната банка.

Анализирано од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, во октомври, забележаа месечно зголемување од 0,4 отсто и 1,1 отсто.

„Кај автомобилските кредити, овој месец е остварен месечен и годишен пад од 2,6 отсто и 9,8 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,5 отсто и 3,6 отсто, на месечно и годишно ниво. Во октомври, негативните салда на тековните сметки бележат месечен раст од 3,3 отсто, додека на годишна основа тие се намалени за 9,2 отсто. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 0,7 отсто и 6,8 отсто“, информираат од Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy paid course