Битиќи-Реџепи: Капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура се одвиваат непречено

-

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со директорот на АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји.

Битиќи на првиот работен состанок со директорот Реџепи посочил дека е задоволен од динамиката на изградба на примарната гасоводна мрежа, која се одвива според планираното и оценил дека овој процес мора да се одвива непречено и понатаму. Тој нагласил дека паралелно се продолжува со процесот за избор на компанија, која по принцип на јавно-приватно партнерство би го градела, одржувала и управувала дистрибутивниот систем.

„На овој начин истовремено би се работело на изградба и ставање во функција на примарната и секундарната гасоводна мрежа, а крајна цел е граѓаните и компаниите да добијат диверзифицирани можности за снабдување со енергенси, а со користењето на природниот гас како енергенс би се придонело за заштита на животната средина, заштеда на финансиски средства и поголема кокурентност на компаниите.Капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура, но и сите други капитални инвестиции ќе бидат следени од Централна единица за надгледување и реализација на капиталните инвестиции, која ќе се формира од Владата, а со која ќе се осигура високо ниво на нивна реализација,“ изјави Битиќи.

Вицепремиерот и директорот на НЕР зборувале и за плановите за изградба на интерконективниот гасовод со Република Грција, со кој ќе се диверзифицираат и изворите за снабдување на земјата со природен гас, преку терминалите за течен нафтен гас од Александрополис и другите извори кои ги користи грчкиот оператор ДЕСФА.

Со ова, освен досегашната конекција со Република Бугарија, ќе се добие уште еден извор за снабдување на земјата со природен гас, а воедно ќе ја позиционира Северна Македонија како регионален хаб за природен гас, кој потоа може да се дистрибуира во некоја од соседните земји.

„Реализацијата на капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура, како примарната, така и секундарната, гасната интерконекција со Грција, а потоа и со другите земји во регионот, ќе биде во фокусот на АД Национални енергетски ресурси во наредните години,“ рече директорот Реџепи и додаде дека обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до нивни намалени трошоци, но и намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...