fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Анализа: Македонската економија со години жртва на популизмот и клиентелизмот

Од буџетите на државата со години наназад најголем процент се прераспределува за администрацијата, која наместо сервис за ефикасни јавни услуги, се третираше повеќе како гласачки контингент без воопшто какви било мерења на нејзините перформанси, без етика и без создавање на вештини за давање на квалитетна јавна услуга. Ова е едно од укажувањата во новата анализа на Центарот за економски анализи...

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај. „Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување...

Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. Нема новини ниту во...

Во Железара работат фирми без мерки за заштита од загадување, откриле инспекторите

Во вонреден инспекциски надзор што во кругот на Железара го направија изминативе два дена испектори на Државниот инспекторат за животна средина и на Инспекторатот на Градот Скопје откриле фирми кои работат без да поседуваат елаборати за заштита на животната средина. Контролите се направени по пријави од граѓани од Општината Гази Баба кои се пожалиле на високото загадување на воздухот...

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот на екологистите, во буџетот...

Автопатот Тетово – Гостивар полн со дупки, ќе се проектира неговата реконструкција во 2022 година

Иако се наплаќа патарина, на автопатот Тетово - Гостивар се вози по брановиден и оштетен асфалт, кој е полн со дупки и нерамнини со кои се отежнува движењето на возилата. Делницата долга 22 километри меѓу двата града се нарекува автопат, но на одредени нејзини сегменти се вози со ограничување на брзината до 80 километри на час. Автопатот Тетово -...

Експертите децидни: Тоа што има план за следење на нус појавите од вакцината против ковид-19, не значи дека таа не е безбедна

Агенцијата за храна и лекови на САД објави листа на здравствени состојби кои ќе се следат во текот на вакцинирањето со вакцината против ковид-19, а не извештај на несакани ефекти кои веќе се случиле, рeагираа здравствените експерти, откако на Фејсбук беше објавено видео на новинарот Бобан Нонковиќ, во кое се шират дезинформации за ефектите од вакцината против ковид-19. Во врска...

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија се очекува да трае...

Транспаренси интернешнел: Министерството за одбрана второ во Централна и Источна Европа по интегритетот во работењето

Македонското Министерство за одбрана е второ според индексот на интегритет во Централна и Источна Европа на „Транспаренси интернешнел“, објавија денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на „Транспаренси интернешнел - Македонија“ Слаѓана Тасева. Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана е еден од индексите на „Транспаренси интернешнел“ и годинава...

Општина Штип доби готови проекти за изработка на секундарна гасификациона мрежа

Општина Штип денеска доби готови проекти за изработка на секундарна гасификациона мрежа по што останува уште одобрението за градба, информираат од општината. „Станува збор за три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект и со ова сме чекор поблиску до остварување на онаа желба на граѓаните на Штип, за гасификација на градот. Граѓаните на Општина Штип ќе имаат голем бенефит од...

Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба

Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар - Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри. Од ова претпријатие информираат дека...

Заштитата на кањонот Матка конечно мрдна од место, Град Скопје предлогот го праќа во Министерството

Градот Скопје ја заврши ревизијата на Студијата за ревалоризација на локалитетот Матка, а препрогласувањето на кањонот како споменик на природата конечно може да мрдне од мртва точка. Документот денеска е пред Советот на Скопје, а советниците се очекува да донесат одлука предлогот за прогласување на заштита на кањонот да се достави до Министерството за животна средина, кое, пак, треба...

Биро за развој на образованието: Одговорноста за објективноста на оценките е на наставникот

Maлкумина наставници се жалат дека немале доволно време да ги оценат учениците, а мнозинството наставници успешно ги оцениле учениците на крајот од првото двомесечие, информираат за „Мета.мк“ во Бирото за развој на образованието (БРО). Во наставата од далечина, потенцираат оттаму, акцент не треба да се стави на научените факти, туку на начинот на пребарување, избирање на релевантни извори на...

„Еко свест“ бара закон за управување со Националниот парк „Маврово“ и стопирање на сите инфраструктурни активности

Итно стопирање на сите инфраструктурни активности во Националниот парк „Маврово“ сè додека не се спроведе анализа за кумулативните влијанија на сите проекти врз вредностите на паркот и донесување на закон за Маврово, бараат од невладината организација „Еко свест“. Од таму посочуваат дека и покрај тоа што големите хидропроекти Бошков Мост и Луково Поле се минато, во Маврово беа доделени...

Владата е на потег: И екологистите и „Еуромакс“ очекуваат одлука, што понатаму во случајот рудник во Иловица

Компанијата „Еуромакс ресурсис“ денеска се огласи по одлуката на Вишиот Управен суд, со која ја потврди одлуката на Управниот суд за поништување на решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудникот Иловица-Штука. Од компанијата велат...

Секој паркинг во Скопје со свои правила, граѓаните станаа експерти за паркирање за да не добијат казна

Секој паркинг на ЈП „Градски паркинг“ или ЈП „Паркинзи на општина Центар“ си има свои правила за паркирање, кои доколку граѓаните не ги познаваат добро, резултира со кревање на нивното возило од пајак-службата или поставување на блокатор на возилото. Негативните реакции на граѓаните во главниот град се секојдневни, а многумина обвинуваат дека различните правила за паркирање на паркинзите се...

Потпишан договорот за градски автобуси за Тетово, се очекува да пристигнат за шест недели

Договор за набавка на пет автобуси кои ќе се користат за јавен превоз на граѓаните во општина Тетово е потпишан вчера, а, според договорот, автобусите треба да пристигнат во Тетово во рок од шест недели. Како добавувач е избрана  компанијата „АутоМакедонија“ со седиште во Скопје, пишува Порталб.мк. Една недела откако Министерството за финансии го одобри барањето на Општина Тетово за...

Вишиот Управен суд донесе одлука за рудникот Иловица-Штука, но не се знае што пресудил

Вишиот Управен суд донесе одлука во предметот за рудникот Иловица-Штука, но нејзината содржина останува непозната за јавноста. Одлуката, како што потврдија од оваа институција за Мета, е донесена на 20 ноември. Сепак, таа сè уште не е објавена на веб страната на судот, каде што се објавуваат сите одлуки на оваа институција. Од Судот не одговорија на нашето прашање...

Oколината на „Русино“ ќе се санира со систем за третман на исцедокот од депонијата

Ќе се санира околината на депонијата „Русино“ во Гостивар. Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска најави дека по усвојувањето на заклучок на Владата, Центарот за развој на Полошкиот плански регион ги ангажирал изведувачите „Пелагонија“ и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар кои ќе треба изградат систем за третман на исцедокот, со насип кој ќе спречува влевање на атмосферски...

БЕГ и ТЕ-ТО ја анализираат владината одлука за раскин на договорот за државна помош, велат ќе продолжат да затоплуваат

Балкан енерџи груп (БЕГ) и ТЕ-ТО Скопје размислуваат како да постапат откако Владата го раскина договорот за државна помош, но велат дека продолжуваат со производство на топлинска и електрична енергија. Од Владата, пак, посочуваат дека договорот воопшто не се спроведувал поради неусогласеност на Законот за данок на добивка и Законот за контрола на државна помош. БЕГ, компанијата која управува со...

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...