fbpx

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

-

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај.

„Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување на вредноста 50 во третиот квартал од годината“, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека од аспект на побарувачката на станови, во третиот квартал на 2020 година таа е поддржана и од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити.

Народната банка ја пресметува цената на становите преку таканаречениот хедонички индекс на цените на становите, кој се изготвува врз база на огласите за продажба во главниот град, а објавен од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

„Цената на станот е функција од големината, населбата во која се наоѓа, катот, дали станот има централно парно греење и дали станот е нов“, објаснуваат од Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Наследниците на Манаки“: Младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола

Филмот има многу дефиниции. Тој е раскажување приказни, откривање внатрешни светови. Филмот ќе се развива сè додека се развива технологијата. Ова денеска, на младите битолчани им го кажа режисерката...