fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Се чека дозволата од Франција за извоз на последните 10 тони опасни хемикалии од ОХИС

Транспортот на десет тони хемикалии од ОХИС чекаат потврден одговор од Франција, за да се извезат и уништат во инсенераторот во Лион. Четири држави, Србија, Унгарија, Австрија и Германија, низ кои опасните материи ќе треба да транзитираат, веќе ги добиле документите и чекаат, по добивањето на дозволата од Франција, да го одобрат транзитот. Во инсенераторот во Лион ќе треба...

Владата предлага измени на законите за поефикасно управување со отпадот по ЕУ стандарди

Владата на вчерашната седница ги утврди текстовите на предлог законите за управување со отпадот, на законот за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на предлог законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на...

Граѓани, фирми и јавни претпријатија должат 167 милиони евра за данок и други давачки

Упрвата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.08.2020 и неплатени до 30.11.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари...

Мила Царовска: Со новиот концепт учениците ќе научат да учат и да размислуваат критички

Дел од јавноста бурно реагираше на најавата дека од идната учебна година ќе се случуваат крупни промени во основното образование. Најавата дека ќе се воведе концепт со кој повеќе предмети се интегрираат во еден предизвика многу различни толкувања и реакции. Во јавноста се појавија и редица дезинформации дека ќе се укинуваат цели предмети, но тие тврдења веднаш беа демантирани...

Седум години се врши ремонт на пругата Ногаевци-Неготино на Коридорот 10

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе седум години врши ремонт на железничката пруга Ногаевци-Неготино. Оваа делница од Коридорот 10 е долга 31 километар, а изведбените активности се одолговлекуваат во време кога соседните земји Бугарија, Грција и Србија градат брзи пруги на главните паневропски коридори што минуваат низ нивните територии. Ремонтот на пругата започна во декември 2013 година,...

Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]

Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот јануари-септември 2020 година. Опаѓањето...

Јавен систем за самоизнајмување велосипеди во Скопје и догодина нема да се имплементира

Жителите и посетителите на Скопје и догодина нема да можат да користат јавен систем за самоизнајмување велосипеди. Скопје е еден од ретките европски главни градови во кои нема ваков систем што треба да ја надополни понудата за патување со јавен превоз, кој би им овозможил на граѓаните евтино и едноставно да изнајмат велосипед на една локација и да го...

Извезени стотина камиони згура од депонијата на велешката Топилница, од март ќе се копа во три смени

Згурата од велешката Топилница од март идната година ќе се прочистува во три смени, за да се забрза процесот на извоз на техногената суровина. Досега, околу стотина камиони со троска заминаа за Србија и Косово, а извозот со ова темпо ќе продолжи и во следните месеци. Во овие две земји треба да се преработат околу 300.000 тони од суровината,...

Скопскиот регион создава најмногу комунален отпад, но е и единствен кој има стандардна депонија (инфографик)

Во Скопскиот плански регион се создава најмногу комунален отпад во земјава, но и најголемиот дел од него е регистриран како собран. Воедно, во овој регион постои единствената стандардна депонија во нашата земја - депонијата „Дрисла“, која што поседува А-интегрирана еколошка дозвола и е единствена во земјава во која депонирањето на отпадот се врши барем според минимумот европски стандарди. Податоците на...

Влада: Нафтоводот Солун-Скопје да биде достапен за сите увозници, цената да ја одредува РКЕ

Нафтоводот да може да го користат сите увозници на дизел гориво, а цената за користење да ја формира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Ова е решението што го предлага Владата во однос на реактивирање на нафтоводот, кој веќе осум години не е во функција. Владата на 24-тата седница ја разгледала информацијата за улогата на трговското друштво „Нафтовод“ ДООЕЛ...

Инспектори откриле печатници што никогаш не измериле колку загадуваат

Државниот инспекторат за животна средина во контрола на индустриски капацитети кои работат во кругот на поранешна Стакларница откриле три печатници кои никогаш не ја спроведувале нивната обврската од елаборатите за заштита на животната средина, која им наложува да мерат испарливи органски соединенија. Фирмите добиле задолжене да ги направат мерењата и тоа во присуство на инспектор. Инспекторите откриле и складиште...

Биро за развој на образованието: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден на нивната возраст

Нема да дозволиме нашите ученици да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и начин кој го претставува светот, процесите и појавите во неговата поврзаност и единство. Ова е ставот на...

Порталб: Владата вели дека неколку европски компании се заинтересирани за Попова Шапка

Неколку компании, меѓу кои од Швајцарија, Италија и Австрија, се заинтересирани за целосната или делумната продажба на Попова Шапка. Во текот на следната година, Владата ќе објави оглас за продажба на овој туристички центар. Од друга страна, граѓаните не се откажуваат од центарот иако нема соодветни услови, па дури иако сезоната на скијање сè уште не е започната, пишува...

Поради корона кризата, догодина ќе нема инвестиции во изградба на нови паркинзи во Скопје

Големите финансиски загуби на јавните претпријатија годинава ќе доведат до одложување на планираните капитални инвестиции во изградба на нови јавни паркинзи и монтажни гаражи за решавање на проблемот со паркирањето во Скопје. Големиот број проблеми со паркирањето во главниот град, за што „Мета.мк“ веќе подолго време пишува, и понатаму ќе се решава единствено со интервенции од помал обем. „ЈП Паркинзи...

Платформата за еколошка правда ќе ги поврзе науката и институциите во борбата за подобра животна средина

Поврзување на научната јавност и институциите кои работат на зачувување и унапредување на животната состојба во земјава, за да се обезбеди најдобрата поддршка во справувањето со еколошките состојби и проблеми, а особено за процесот на отпочнување преговори со Европската Унија е целта на новата Платформа за еколошка правда. Проектот го спроведува Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на...

На Криволак почнува уништувањето на 12.700 гранати од Првата светска војна

На Армискиот полигон Криволак АРМ денеска почнува да ги уништува артилериските гранати од Првата светска војна кои неодамна беа откриени при градежни работи во Битола. Гранатите, вкупно 12.700, ќе бидат уништувани во неколку етапи во текот на декември и јануари, а нивното уништување нема да предизвика штетни ефекти по животната средина, тврди Министерството за одбрана. Инаку, АРМ во 2002 и...

Есенва воздухот во Скопје е драстично позагаден отколку изминатата пролет, за време на полицискиот час [инфографик]

Аерозагадувањето во Скопје било далеку пониско изминатата пролет, кога на сила беше полицискиот час, во споредба со есенва. Рестрикциите на движењето, коишто го ограничија сообраќајот во Скопје, индустриското производство, па дури и палењето на огнови на отворено, доведоа до почист воздух во текот на март и април, наспроти месеците октомври и ноември 2020 година, покажуваат податоците за мерењето на...

Турски „Аселсан“ и „Жикол“ ќе работат на електронската наплата на патарина на Коридор 8 и Миладиновци-Штип

Турско-македонски конзорциум составен од компанијата „Аселсан“ од Анкара и „Жикол“ од Струмица го добија тендерот за воведување на електронска наплата на патарина на автопатските делници долж Коридорот 8, како и на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, е наведено во резултатите од меѓународниот тендер објавени од ЕБОР. Договорот со Јавното претпријатие за државни патишта треба да се потпише на крајот од...

Град Скопје делумно ги прифаќа предлозите од „На Точак“ за развој на велоинфраструктурата догодина

Буџетот на Град Скопје за 2021 година е во финална фаза на подготовка и градските власти делумно ќе ги прифатат доставените предлози на граѓанската иницијатива „На Точак“ за развој на велосипедската инфраструктура, унапредување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и целосно ослободување на кејот на реката Вардар. „Предлозите на иницијатива „На Точак“ за Буџетот на Град Скопје за 2021 година...

„Пејпер мил“ доби казна од 20.000 евра за емисии на ПМ 10, инспекторите во офанзива против загадувачи

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...