fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Не им се плаќа по 200 денари на „Дрисла“, па несовесни граѓани го исфрлаат градежниот шут кај ќе стигнат

Вложуваат по десетици или стотици илјади денари во реновирање или реконструкција на станови, куќи или канцеларии, а не сакаат да платат 200 денари за фрлање на градежниот шут на депонијата „Дрисла“. Речиси секојдневно, несовесни граѓани и градежни работници во Скопје го расфрлаат градежниот отпад кај ќе стигнат. Граѓаните од населбата Трнодол вчера со видео снимка фатија работници како одлагаат отпад...

За пациентите со лесна клиничка слика, лекувањето во приватна болница чини во просек околу 6.000 евра

Пациент позитивен на ковид-19 со лесна клиничка слика на болеста, без коморбидитети и претходни посериозни болести и без хронични заболувања, треба да издвои околу 6.000 евра ако сака да се лекува во една од приватните болници. Оваа бројка се добива ако се помножи сумата за болнички ден (36.000 денари) со десет денови, колку што, како што велат од приватната...

Владата го усвои, предлог-законот за финансирање на „трамвајот на тркала“ во Скопје оди во Собранието

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, информираат од владината прес-служба. Од ЕБОР побаравме кредит од 70 милиони евра за изведба на двете...

Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

Владата на Р.С.Македонија донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, соопштија од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање,...

О2 Иницијатива бара повеќе инспекции и казни за загадување на воздухот, но и одговорност за Планот за чист воздух

Итно да се засилат инспекторските и полициските контроли на терен, особено на познатите локации каде што се создаваат и палат диви депонии, но тие и да резултираат и со построги санкции, бараат од О2 Иницијативата. Тие викендот објавија фотографии и видеа од пожар во Визбегово, каде јасно се гледа дека црниот чад стигнува и до централните населби во Скопје....

Во предлог-буџетот за 2021 година предвидени 2,2 милиони евра за гасификацијата

Во предлог-буџетот на Министерството за економија за 2021 година, за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 140 милиони денари (2,2 милиони евра), средства коишто АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција на која информираше за буџетот на министерството. Во сумата...

Првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради на почетокот од 2021 година

По повеќе од една и пол година застој во градежните работи, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да продолжи да се изведува на почетокот од 2021 година. Тендерот за довршување на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура долга 10 километри беше распишан на 4 септември, а рокот за доставување на понудите од заинтересираните компании е...

Порталб: Во очекување на приватизација, на Попова Шапка повторно ѝ се заканува неуспешна сезона

Премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши најавија можност за целосна или делумна приватизација на Попова Шапка. Тие се убедени дека ова ќе ги донесе очекуваните резултати. Од движењето „Да ја спасиме Попова Шапка“ за Порталб.мк изјавија дека ја поздравуваат иницијативата, сепак, бараат целосна транспарентност во овој процес за, како што велат: „ЕЛЕМ 2 да не се...

МИОА подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административни службеници за да се надминат проблемите кои се јавиле при имплементацијата на постоечките законски решенија кои беа донесени пред пет години. „Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните...

Министерот за животна средина Нуредини: Полицискиот час покажа дека голем процент од загадувањето доаѓа од транспортот и индустријата

Признавајќи дека сепак е далеку целта поставена со Планот за чист воздух за Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во борбата за почист воздух треба да се направат уште многу контроли и проверки. Нуредини потенцира и дека за разлика од претходниот став на власта, полицискиот час,...

Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален

Јавниот превоз во земјава трпи сериозни штети од ковид-19 пандемијата, а веќе подолго време се посочува како ризична локација на која може да се пренесува корона вирусот меѓу граѓаните. Владата на крајот на октомври воведе мерка за ограничување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до 50 отсто од нивниот максимален капацитет. „Мета.мк“ контактираше со дел од превозниците,...

Во 2021 година 20 милиони евра повеќе за плати во администрацијата

Од вкупните буџетските расходи во 2021 година кои се проектирани на 247,5 милијарди денари (4 милијарди евра) за плати и надоместоци на администрацијата ќе се одвојат 31,3 милијарди денари (510 милиони евра), покажува предлог-буџетот за 2021 година кој беше доставен до Собранието. Станува збор за пораст од 4,1 отсто во однос на годинашниот буџет во кој за плати и надоместоци...

ЈП Водовод и канализација – Скопје добитник на втора награда од ЕБОР за новата пречистителна станица

ЈП Водовод и канализација – Скопје е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, за проектот „Пречистителна станица за отпадни води - Скопје. Изборот е во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која повеќе од 10 години ги доделува наградите за одржливост и ги признава достигнувањата во пет специфични категории: одржлива енергија, климатска обнова...

Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?

Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите други возови меѓу главните...

Возен ред на Железници за 2021 година – возот за Белград и Солун нема да сообраќа [инфографик]

Железници на РСМ-Транспорт го изготви новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто ќе стапи на сила 13 декември годинава. Во домашниот железнички сообраќај ќе нема значајни измени во бројот на возовите што ќе сообраќаат кон Табановце, Велес, Битола, Гевгелија, Кочани и Кичево, додека во меѓународниот превоз целосно е укинат експресниот воз од Скопје за Белград и...

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. Остатокот од троската,...

План за управување со отпадот до 2030 година – многу амбиции, малку извори на финансии

Северна Македонија е на прагот да добие нов Национален план за управување со отпад за периодот 2020-2030 година, со многу амбициозни проекти за реализација, но засега со премалку пронајдени финансиски средства за нив. Меѓу целите што се поставени во овој стратешки документ, би требало да се врши собирање на мешаниот цврст комунален отпад од сите домаќинства во земјава, а...

Фирма ќе може да се отвори со основачки капитал од едно евро

Владата во Собранието го испрати предлог законот за измени и дополнувања на Законот за трговските друштва со кои се овозможува основање друштво со ограничена одговорност со симболичен минимален износ на почетен основачки капитал од едно евро. Измените се наменети за граѓаните кои имаат идеја за водење бизнис, но немаат доволно средства во износ од најмалку 5.000 евра основачки капитал, за...

Кога не одговараат на мејл, студентите им се обраќаат на професорите преку социјалните мрежи

Во услови кога студентите преку електронските алатки ги следат предавањата, а и на тој начин ги полагаат испитите и колоквиумите, многу важен сегмент е комуникацијата што ја остваруваат со професорите и асистентите. Дел студентите успеваат да одржат двонасочна комуникација со нив, но во случај кога имаат потешкотии тоа да го направат преку e-mail, комуникацијата се сведува на социјалните мрежи...

АРМ со британски тимови го подготвува лесниот пешадиски баталјон за мисии на НАТО

Војници од Лесната пешадиска баталјонска борбена група на АРМ, најголемата национална единица одредена да учествува во операции на НАТО, денес почнаа колективна обука со мобилен инструкторски тим од 1. баталјон на Ирскиот гардиски полк на Британската Армија. Обуката е дел од интензивниот циклус обуки и вежби кој македонските и британските војници го почнаа на почетокот на годинава, со кој...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...