Две компании од Турција во конкуренција за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

-

На 24. седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата и извештајот во врска со активностите од првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата, информираат од таму.

„Врз основа на извештајот Владата донесе Одлука за избор на кандидатите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција, согласно која од овие компании ќе се достави покана за учество во втората фаза на конкурентен дијалог, односно за учество во тендерската постапка до конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија,“ се вели во соопштението од Влада.

Од Министерството за економија информираат дека, условите кои требало да ги исполнат заинтересираните инвеститори за учество на јавниот повик се најмалку пет години искуство во дистрибуција на природен гас, најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција, да имааат дистрибуирано најмалку три милијарди метри кубни во последните три години, и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните три години.

„Министерството за економија и Владата имаат амбициозен план за гасификација на земјата. Природниот гас е едно од горивата што значително ќе придонесе за енергетска транзиција до 2040 година. Затоа гасификацијата е од круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Оправданоста за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија, произлегува од фактот што на граѓаните како и субјектите од комерцијалниот и јавниот сектор треба да им се понуди и друга можност за снабдување со гас, како поеколошки енергенс, во споредба со постојните енергенси,“ се додава во соопштението.

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...