Мухамед Зекири на местото на Рашковски како генерален секретар на Владата

-

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е именуван за нов секретар на Владата на РСМ на денешната 24.седница, информираа вечерва од владината прес-служба. Зекири доаѓа на местото на Драги Рашковски, којшто си поднесе оставка од оваа функција пред речиси два месеци.

Иако Мухамед Зекири се споменуваше како можен директор на Фондот за здравствено осигурување, сепак на Зеќири сега му припадна функцијата што досега ја извршуваше Драги Рашковски. Во минатиот парламентарен состав, Зекири беше пратеник од редовите на СДСМ.

Инаку, на денешната седница Владата донесе и неколку други кадровски решенија. Осман Шукриу е именуван за директор на Јавната установа Национален парк Пелистер – Битола. Исто така, Еран Куртиш е именуван за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција” – Скопје, во државна сопственост. Воедно, Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели за заменик директор на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување (ПИОМ).

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...