понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: кадровски решенија | 12 резултати

Владата денеска ќе одржи невообичаено кратка седница

октомври 27, 2017

Владата денеска ќе ја одржи 33. седница, која, за разлика од претходната, е со невообичаено краток дневен ред со само четири точки по кои министрите треба да расправаат. Прва точка на дневниот ред е иницијативата за задолжување за проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје“. Министрите ќе расправаат и за склучување билатерален договор за кофинансирање на проектот […]

Собрание: Повеќе за Дарко, отколку за Марко

август 16, 2017

Кадровските решенија на Владата во државните институции и откажувањето од функциите на дел од нив се една од главните теми на кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ меѓусебе си реплицираат на денешното продолжение на седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своите реплики на […]

Укината титулата национален уметник, прифатени оставките на Мизо и на Грозданов

јули 26, 2017

Владата на вчерашната 16. седница ги прифатила оставките на директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, информираше владината прес-служба. Разрешени се и Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка служба, Весна Хорватовиќ од должноста директор на Бирото за развој […]

Владата на тематска седница ќе го утврдува правецот на реформските приоритети

јуни 19, 2017

Владата денеска ќе одржи тематска седница што ќе биде посветена на утврдувањето на правецот на реформските приоритети. Седницата, како што соопштија од Владата, е закажана за напладне, а еден час подоцна, односно во 13 часот, владиниот кабинет ќе ја одржи седмата редовна седница. „Во согласност со предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани […]

Груевски: СДСМ се плаши, затоа брза со гласањето за новата влада во парламентот

мај 29, 2017

СДСМ е уплашена од судот на јавноста и на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, па многу брза со гласањето за новата влада и сака шверцерски „да помине“ низ парламентот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета на незавршената нова зграда на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за […]

Заев и Ахмети се договориле поинтензивно да се договараат

мај 19, 2017

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска не разговарале за кадровските решенија за ресорните министерства и оваа тема е оставена за наредните средби, стои во кусото соопштение од СДСМ по средбата на двајцата лидери. Теми на денешната средба, која е прва во рамките на преговорите помеѓу СДСМ и […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршија Договорот од Пржино

април 8, 2016

Нашите оставки, како министри и дополнителни заменици министри, поднесени до техничкиот премиер од ВМРО-ДПМНЕ, не беа констатирани, спротивно на нашата волја, изјавија министрите и дополнителните заменици министри на прес-конференција. – Денеска, Владата предводена од техничкиот премиер на ВМРО-ДПМНЕ направи ново прекршување на Договорот од Пржино. Донесе противзаконска одлука за поништување на сите правни акти на […]

ЦО на СДСМ им даде поддршка на кадровските решенија за преодната влада

ноември 7, 2015

Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно им дал поддршка на сите номинации за министри и за заменици-министри: Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за министерка за труд и социјална политика, Александар Кирацовски за заменик-министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов за заменик-министер за финансии и Љупчо Николовски за заменик-министер за земјоделство, […]

Страна 1 од 1