вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Мухамед Зекири | 16 резултати

Мухамед Зекири на местото на Рашковски како генерален секретар на Владата

ноември 24, 2020

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е именуван за нов секретар на Владата на РСМ на денешната 24.седница, информираа вечерва од владината прес-служба. Зекири доаѓа на местото на Драги Рашковски, којшто си поднесе оставка од оваа функција пред речиси два месеци. Иако Мухамед Зекири се споменуваше како можен директор на Фондот за здравствено осигурување, сепак на […]

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека е позитивен на корона вирусот

мај 31, 2020

Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во последниот парламентарен состав, денеска преку Фејсбук соопшти дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на ковид-19. „И покрај внимателноста и придржувањето до препораките за минимум контакти, би сакал да ве информирам дека јас, сопругата и тримесечната ќерка имаме позитивни резултати на ковид-19. За среќа немам […]

Џафери: Ја прекинав седницата заради однесувањето на пратениците, особено на Зекири

февруари 25, 2019

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека ноќеска ја прекинал седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски затоа што истекло времето за носење одлука, но и поради однесувањето на пратеникот од мнозинството Мухамед Зекири. – Седницата е прекината затоа што одмина времето предвидено за носење одлука до 24 часот. Седницата е прекината поради однесувањето […]

Новите членови на Антикорупциска комисија дадоа свечена изјава во Собранието

февруари 8, 2019

Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево во Собранието дадоа свечена изјава. Тие беа избрани претходно на пленарна седница со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас против. Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши. […]

Зеќири: Наместо да бараат амнестија за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ да кажат дали се за ЕУ

октомври 5, 2018

Наместо да се обидуваат преку нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба едноставно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или не, изјави денеска пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНE се должни да […]

Зекири: Со или без ВМРО-ДПМНЕ референдумот ќе биде распишан

јули 30, 2018

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека денес со или без ВМРО-ДПМНЕ ќе биде распишан референдумот, а потврди дека истиот ќе биде одржан на 30 септември. Коментирајќи ја изјавата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече доколку овој договор не биде усвоен опозицијата ќе постигне подобар договор со Грција, Зекири вели дека е смешно да […]

Зекири: Кривични пријави за Милошоски и за вработен кај Иванов за издавање државна тајна

јули 25, 2018

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири на прес-конференција во Собранието рече дека ќе бидат поднесени кривични пријави за оддавање државна тајна за претседателот на собраниската Комисија за надворешни прашања, Антонио Милошоски, и за лице од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, поради изнесување класифицираните материјали од лидерски средби кај претседателот, на кои посочил денеска Милошоски. Тој истакна […]

Зекири: Насилниците мора да одговараат, независно чии луѓе се

февруари 19, 2017

Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме нападнаа. Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди, изјави денеска на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири. Зекири тврди дека десетина лица кои седеле на маса со Мијалков дошле и побарале од него да […]

Зекири тврди дека обезбедувањето на Мијалков го нападнало, ексшефот на УБК демантира

февруари 19, 2017

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири обвини дека вчера во еден скопски локал бил нападнат од обезбедувањето на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Мијалков ги демантираше обвинувањата и најавува тужби. Зекири тврди дека синоќа тој во кафулето „Дион“ бил нападнат од обезбедувањето на Мијалков. – Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара […]

ВМРО-ДПМНЕ: Народот на 11 декември порача дека не сака да биде воден од криминалци

февруари 18, 2017

Се што прават челниците на партијата водена од аболираниот криминалец Зоран Заев е обид за изигрување на законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Поранешниот новинар Мухамед Зекири донирал 180.000 денари за кампањата на СДСМ, набргу по вработувањето во партијата. Откако стана политичар Зекири на својот анкетен лист пријави подновување и со нов џип и купување на нов […]

Зекири: Ако ДУИ победи кај Албанците, СДСМ ќе мора да коалицира со нив во владата

октомври 23, 2016

Владиното мнозинство го прават бројките и СДСМ нема да може да оди против волјата на гласачите ако тие повторно дадат доверба на ДУИ, вели членот на централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, во одговор на прашањето дали е можна постизборна коалиција СДСМ – ДУИ. Сепак, тој додава оти […]

ЗНМ ги осудува притисоците врз новинарот Мухамед Зекири

март 7, 2016

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува притисоците и заканите на претставници на ДУИ врз новинарот на ТВ „Шења“, Мухамед Зекири. „Ваквите притисоци ја загрозуваат слободата на говорот и поттикнуваат самоцензура кај новинарите. Со закани и со притисоци врз новинарите, Македонија нема да се извлече од групата африкански земји, каде масовно се кршат […]

Страна 1 од 1