fbpx
Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Германскиот социјалдемократ Клингбеил: Интересот на Германија и ЕУ е да ја прошират Европа

Процесот на проширување е еден од одговорите на прашањето како Европа може да стане поголем геополитички актер, изјави вчера Ларс Клингбеил, претседателот на владејачката Социјалдемократската партија на Германија кој дојде во официјална посета на Северна Македонија. Клингбеил е прв претседател на оваа германска партија кој дошол во официјална посета на земјава, а изјавата ја даде на панел дискусијата „Прогресивни политики...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

Не е точно дека ЕУ ги уништува селата и земјоделците

ЕУ се обидува да се справи со предизвиците што ги имаат земјоделците, а кои се однесуваат на повисоки цени за производство, ниска цена на откупот, како и проблемот со евтиниот увоз од странски држави. Добар дел од проблемите на земјоделците поради коишто тие протестираат ширум Европа се и поради воената инвазија на Русија врз Украина. ЕУ нема намера да...

Непосакуван увоз: Анти-ЕУ дезинформациите на Кремљ потпалуваат и во С. Македонија

Најголем дел од анти-ЕУ дезинформациите на Кремљ во С. Македонија потекнуваат од странство – и од Русија и од Западот, потоа пристигнуваат во земјата преку социјалните платформи, а помал дел и преку медиумите. Некои од нив потоа се прилагодени на локалниот контекст, а мал дел од дезинформациите кои ги туркаат наративите на Кремљ се домашни. Србија е централна точка...

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го загрозуваат офлајн светот и покрај тоа што се пласирани онлајн. Нејзиниот говор во смисла на...

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Избори во ЕУ: Фон дер Лајен доби рок да одлучи за втор мандат

Европската народна партија (ЕПП) очекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да се бори за втор мандат на изборите во јуни. Германската политичарка сè уште не ги потврдила информациите, известува германската новинска агенција ДПА. ЕПП ѝ дала рок на Фон дер Лајен да даде изјава во следните недели, до 21 февруари. Кандидатот на ЕПП за претседател на Европската...

Маричиќ: Моќта на трансформирањето на општествата е главната мека моќ на ЕУ

Проширувањето е една од најмоќните политички алатки на Европската унија за постигнување мир и просперитет, слобода и демократија. Затоа ЕУ е токму тоа – заедница на суверени држави поврзани за просперитет и во слобода и демократија, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Меѓународната конференција „Водици-Охрид 2024“. Зборувајќи на темата, „Промоција на мерките на „мека моќ“ (soft...

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан

Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија по консултација со дипломатски извори од Брисел. Покрај напредокот во владеењето на правото и вклучувањето на...

Ирскиот премиер во посета на Скопје, пречекан од Ковачевски и Маричиќ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска со највисоки државни и воени почести во Скопје го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјава. Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Ирска е еден од најголемите поддржувачи за зачленување на нашата земја...

Невладините реагираат на измените во законот за отпад во полза на загадувачите

Невладините организации Гоу Грин и коалиција 02 реагираат на четирите предлог-измени во законите за отпад кои се доставени до Собранието на РСМ во скратена постапка. Тие реагираат на измените што се предлагаат во законите за управување со отпад, кои во пакет беа донесени од парламентот во септември 2021 година. Предлозите доаѓаат од ДУИ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за животна...

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува српскиот весник Данас. Весникот ги пренесува реакциите на меѓународната заедница по одбележувањето на денот на Република...

Вештачката интелигенција поттикнува измами на социјалните мрежи, тврди Европол

Криминалците можат со помош на вештачката интелигенција да целат кон илјадници лица одеднаш, а најподложни на удар се корисниците на онлајн апликации за запознавање нови луѓе и социјалните мрежи. Експерти од Европол предупредуваат дека вештачката интелигенција во комбинација со случувањата во Украина и на Блискиот Исток овозможува зголемување на бројот на онлајн измами, пишува Гардијан. Врвните експерти за финансиски криминал...

Габриел Атал именуван за нов француски премиер, најмлад досега и прв отворено-геј

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше Габриел Атал за нов премиер на земјата. Атал, кој е актуелен министер за образование, на свои 34 години ќе биде најмладиот што ја зазема втората највисока функција во Франција. Атал ја заменува досегашната премиерка Елизабет Борн, која поднесе оставка по 20 месеци на функцијата. За целото тоа време Борн се бореше со недостаток...

Ќе добие ли Србија свој Прибе за решавање на политичките тензии по изборите?

Меѓународната заедница ќе биде клучниот фактор што во наредниот период ќе ја определи траекторијата на исходот од политичките тензии меѓу власта и опозицијата по изборите во Србија што се одржаа на 17 декември лани, пишува Н1. Опозициската коалиција „Србија против насилството“ по завршувањето на изборите побара основање на Меѓународна верификациона комисија од страна на Европскиот парламент, која ќе го...

Белгиското претседателство: Искуството на преден план

Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, а повеќе од половината...

Бугарија и Романија со делумен влез во Шенген зоната од март 2024 година

Австрија конечно им дозволи на Бугарија и Романија да влезат во Шенген зоната на ЕУ преку авиосообраќајот и морето од март 2024 година, пишува Медиапул.бг. Оваа информација денеска ја соопшти бугарскиот премиер Николај Денков. „По долги и комплицирани преговори, постигнавме начелен договор со Австрија за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната. На почетокот со воздушните и поморските граници....

Четворица загинати и деветмина повредени во руските напади на Херсон

Руските гранатирања и напади со беспилотни летала врз јужниот украински регион Херсон во изминативе 24 часа однеле четири животи. Како што пренесува Гардијан, гувернерот на Херсон, Олександар Прокудин, вчера објави дека во напад со беспилотно летало е убиен маж во градот Станислав, југоисточно од градот Херсон. Оттогаш Прокудин потврди уште три смртни случаи, а кажа дека девет лица се повредени. Утрово...

Објавен тендерот за последната делница од пругата кон Бугарија – рокот за изградба е 5 години

Утрово, на веб-сајтот на ЕУ, беше објавен тендерот за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до границата со Бугарија (Деве Баир), како дел од Коридорот 8. Станува збор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, додека изградбата на останатите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка сè уште...

Контраспин: Спинувањето околу ЕУ стана константа на македонската политичка сцена

Двете главни политички партии во македонскиот блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не престануваат со спинување и сервирање полуинформации околу ЕУ перспективите на С. Македонија, особено по минатонеделните(14 и 15.12) заклучоци на Советот на ЕУ. Двата најнови спина се однесуваат на ЕУ перспективите на земјава доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и што значела изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел,...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...