Избори во ЕУ: Фон дер Лајен доби рок да одлучи за втор мандат

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни

-

Европската народна партија (ЕПП) очекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да се бори за втор мандат на изборите во јуни. Германската политичарка сè уште не ги потврдила информациите, известува германската новинска агенција ДПА.

ЕПП ѝ дала рок на Фон дер Лајен да даде изјава во следните недели, до 21 февруари. Кандидатот на ЕПП за претседател на Европската комисија потоа ќе биде избран на партискиот конгрес во Букурешт на 7 март.

Фон дер Лајден сè уште јавно не кажала дека останува во игра, пред сè поради желбата предизборната кампања што помалку да влијае на нејзината работа во Европската комисија.

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни. Новоизбраните пратеници подоцна ќе гласаат за составот на следната Европска комисија.

Претседателот на Комисијата ќе биде предложен од шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ.

Анкетите засега покажуваат дека конзервативната ЕПП ќе остане најсилната политичка сила во Европскиот парламент.

Заедно со германските демохристијански партии ЦДУ и ЦСУ, членовите на ЕПП ги вклучуваат, меѓу другите, Австриската народна партија и актуелните владејачки партии од Грција, Полска, Шведска и Луксембург.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...