Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, соопштија од ЈСП Скопје. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
По неделен возен ред ќе се вози и в сабота, на 20 јануари, со исклучок на посочените линии кои повторно ќе функционираат по саботен возен ред.
Од ЈСП велат дека утре дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот, додека во сабота сите билетарници ќе работат со вообичаеното работно време.
Жичницата, пак, сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.