fbpx
Таг: ЕУ

таг: ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е црната чума во поглед на невработеноста

„СДС е црната чума која ѝ се случи на Македонија во поглед на невработеноста. Во времето на СДС, таа изнесуваше енормни 38 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ со посветена работа и со ефикасна економска политика успеа да ја намали на историски најниски 23,1 отсто“, порача опозициската партија во своето редовно утринско соопштение, во кое прави споредби за повеќе сфери во текот на владеењето...

Иванов со амбасадорите од ЕУ разговарал за евроинтеграциите

Потребно е Европската Унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, односно да овозможи отворање на поглавјата 23 и 24, порачал претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на денешната работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на средбата Иванов нагласил...

Борисов со новата влада ќе направи план за вклучувањето на Македонија во ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчеравечер порача дека набргу откако ќе се формира влада во Македонија, ќе се одржи средба на владите на Бугарија и на Македонија за да се почне со план за интегрирање на Македонија во ЕУ. Борисов претпоставува дека на дневниот ред на ЕУ во првата половина на следната година, кога Бугарија ќе претседава со Советот на...

Белград инсистира кај ЕУ за мирно решение на кризата во Македонија

Јавниот дискурс кој повикува на насилство, во отсуство на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина, и нестабилноста во Македонија претставуваат сериозна и отворена закана за мирот во Југоисточна Европа, е главната порака на неофицијалниот документ што српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, и директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, им го предале на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во...

Франција избира претседател и го одредува ритамот за иднината на ЕУ

Французите денеска гласаат на претседателски избори, кои можат да ја одредат иднината на Европската Унија. Според анкетите спроведени пред изборите, четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7 мај, што би било првпат во Франција да се случи тоа, оти вообичаено претседател се избира во првиот круг. Двајца од 11 кандидати се остро на линијата...

Од ЕУ и од Советот на Европа – 3,9 милиони евра за борба против криминалот и дискриминацијата

Од властите на Турција и на земјите од Западен Балкан вклучени во програмата „Хоризонтална поддршка“, зависи колку ќе искористат од предвидените 25 милиони евра за обезбедување на правдата, борба со дискриминацијата и за заштитата на правата на ранливите групи, како и за борбата со економскиот криминал, порача денеска Пилар Моралес, раководител на програмскиот оддел на Советот на Европа. Таа...

Кампањата „ЕУ за тебе“ утре во Радовиш

Новиот проект на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, „ЕУ за тебе“, чија цел е да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта што ЕУ ѝ ја пружа на земјава, продолжува утре во Радовиш. Тоа е вториот настан, после промоцијата на 27 јануари во Кичево. Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, и амбасадорот...

ВМРО-ДПМНЕ: Фала ѝ на ЕУ за советот, но најдобро решение се избори, а не широка коалиција

Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер кому ќе го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Мета“. Во партиското соопштение се додава дека „Коцијанчич само повтори дека е...

Коцијанчич за „Мета“: Ги поздравуваме напорите на Иванов за дијалог со партиите

Европската комисија денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Ѓорге Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот. - Ги поздравуваме тековните напори за разговори со сите политички партии – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа потсети дека сите партии истакнале дека се залагаат...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...