fbpx

Од ЕУ и од Советот на Европа – 3,9 милиони евра за борба против криминалот и дискриминацијата

-

Од властите на Турција и на земјите од Западен Балкан вклучени во програмата „Хоризонтална поддршка“, зависи колку ќе искористат од предвидените 25 милиони евра за обезбедување на правдата, борба со дискриминацијата и за заштитата на правата на ранливите групи, како и за борбата со економскиот криминал, порача денеска Пилар Моралес, раководител на програмскиот оддел на Советот на Европа. Таа зборуваше на првата средба за „Хоризонтална поддршка“ за Западен Балкан и за Турција, што во Скопје денеска ја организираше македонското Министерство за надворешни работи.

Програмата е заеднички проект на Европската Унија и на Советот на Европа. Од вкупно предвидените 25 милиони евра, за Македонија се предвидени 3,9 милиони евра.

Со денешната конференција во Скопје се одбележува една година од почетокот на проектот, кој се состои од пет активности: подобрување на политиките за човековите права; зголемување на судските капацитети за заштита на човековите права; борба против малтретирањето и неказнувањето; акција против економскиот криминал и акција против трговијата со луѓе.

На конференцијата, покрај претставници на МНР,  учествуваа и претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Академијата за судии и јавни обвинители, Делегацијата на Европската Унија, како и од Советот на Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...