fbpx

Апелација утре на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

-

Апелацискиот суд утре, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Седницата ќе биде јавна на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“.

Вчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил комплетиран и испратен во Апелацискиот суд.

На седницата најавена за утре, обвинителите на СЈО и адвокатите на Кочан ќе ги соочат аргументите околу оправданоста на одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, кој во четвртокот минатата недела донесе решение на бизнисменот да му биде одреден притвор.

Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во „Труст“, е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана меѓународна потерница преку Интерпол.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...