fbpx

Габриел Атал именуван за нов француски премиер, најмлад досега и прв отворено-геј

Анкетите покажуваат дека Атал е убедливо најпочитуваниот член на владата на Макрон и е на речиси исто ниво со главниот непријател на претседателот – националистката Марин Ле Пен и нејзиниот млад колега Џордан Бардела

-

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше Габриел Атал за нов премиер на земјата. Атал, кој е актуелен министер за образование, на свои 34 години ќе биде најмладиот што ја зазема втората највисока функција во Франција.

Атал ја заменува досегашната премиерка Елизабет Борн, која поднесе оставка по 20 месеци на функцијата. За целото тоа време Борн се бореше со недостаток на мнозинство во парламентот, пишува Би-би-си.

Атал пред себе ќе има задача да ја води француската влада на важните избори за Европскиот парламент во јуни годинава.

Следниот француски претседател имаше брз подем во политиката. Пред десет години тој беше советник во Министерството за здравство и член на француските Социјалисти. Во пресрет на претседателските избори во 2017 година, Атал стана член на парламентот, каде неговата брилијантност во дебатите го привлекла вниманието на претседателот Макрон.

На 29 години беше именуван за државен секретар во Министерството за образование. Од 2020 година беше владин портпарол, а по реизборот на Макрон за претседател, накратко беше министер за буџет, по што во јули минатата година го презеде ресорот образование.

Истовремено, Атал ќе биде и првиот отворено-геј станар во Хотел Матињон – седиштето на францускиот премиер. Тој е во „граѓанско партнерство“ со 38-годишниот европратеник и генерален секретар на владејачката партија „Ренесанса“, Стефан Сежурне, кој беше и еден од политичките советници на Макрон до 2021 година.

Анкетите покажуваат дека Атал е убедливо најпочитуваниот член на владата на Макрон и е на речиси исто ниво со главниот непријател на претседателот – националистката Марин Ле Пен и нејзиниот млад колега Џордан Бардела.

Се очекува новиот француски премиер да се соочи со истите проблеми како и неговата претходничка, а тоа се крајно-десничарска опозиција чија популарност расте, Национално собрание без јасно мнозинство и борба за спроведување за секој нов закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...