среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: кредити | 202 резултати

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

декември 9, 2022

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не […]

Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, со ребалансот повлечени парите за нов јавен превоз

август 4, 2022

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија […]

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 2,5 отсто поради инфлацијата

јули 13, 2022

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка се одлучи на ново зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи за 0,5 процентни поени до нивото од 2,5 отсто, информираат од Народната банка. Понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари, одлучил Комитетот на редовната седница што се […]

Анализа на Порталб: Банките во пресметка – раст на каматите за кредити и за депозити

април 27, 2022

Литар масло за јадење 2,5 евра. Празнично зголемена потрошувачка – но и зголемени цени на прехранбените производи. Инфлацијата и натаму ќе забрзува. Токму со ова образложение Народната банка направи „скромен”, но прв чекор кој навестува затегнување на монетарната политика, пишува Порталб.мк. Банкарите велат дека се пресметуваат повисоки камати за кредити и за депозити. Каматите ќе растат […]

Порталб анализа: Паѓаат каматите на депозитите и на кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања

април 5, 2022

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1 отсто. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9 отсто во февруари, пишува Порталб.мк. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена […]

Анализа на банкарската 2022: Олеснување на кредитните услови, зголемена побарувачка од граѓаните, намалена од фирмите!

февруари 12, 2022

Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021-та, вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица, а […]

Поднесено обвинението против Рашковски: Парите од тендерите ги префрлал на свои сметки и си отплаќал кредити

октомври 8, 2021

По неколкумесечна истражна постапка денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Покрај него, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување јавни набавки на софтвер обвинение добија и уште шест лица. На Рашковски му се става […]

Анализа на „Порталб.мк“: Граѓаните се „вратија“ на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7 проценти

јули 26, 2021

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво. Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8 проценти, а кредитите се со раст од 5,1 проценти, пишува „Порталб.мк“. Интересно е дека „јазот“ помеѓу депозитите и кредитите се зголеми […]

Анализа на „Порталб.мк“: Сè потешко се враќаат долговите, нефункционалните кредити на граѓаните со раст од 21,4 отсто

јули 20, 2021

Од 2008 година кога светот ја живееше големата финанасиска криза, за прв пат во првиот квартал од оваа 2021 година е регистриран најголем квартален раст на нефункционалните кредити во банкарскиот сектор во земјава. Неизвесноста поради пандемијата, но и поради темпото со кое се одвива вакцинацијата се клучните фактори кои невестуваат натамошно остварување на кредитните ризици […]

Наскоро ќе профункционира Гарантниот фонд, фирмите ќе можат да добијат гаранции за кредити до 500.000 евра

јули 6, 2021

Во Македонија наскоро се очекува да профункционира Гарантниот фонд, којшто на микро, мали и средни претпријатија, како и на големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат со најмалку 30 отсто во вкупните остварени приходи, ќе им овозможи гаранции за кредити до 500.000 евра, информираат од Министерството за финансии. Договорот помеѓу Владата и Развојната […]

Развојна банка објави јавен повик за радиодифузни друштва за бескаматни кредити

јули 1, 2021

Развојна банка денес објави Jавен повик за кредитната линија за бескаматни кредити за трговски радиодифузни друштва за директно кредитирање со каматна стапка од 0 проценти доколку бележат пад на приходите или негативен финансиски резултат во 2020 година, информираат од таму. Вкупниот расположлив фонд за оваа кредитна линија изнесува 1 милион евра. Поднесувањето на кредитни барања […]

Ангеловска-Бежоска: Видливи се ефектите за економијата од стимулативната монетарна политика преку кредити

јуни 24, 2021

Минатата година и во првите месеци од оваа година кредитите растат со стапка од околу 6 отсто. Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар, лани и годинава немаше запирање на кредитните текови, а активноста расте со темпо, слично на преткризното. Лани растот на кредитната поддршка за економијата ги надмина очекувањата на централната […]

МФ: Од ЕИБ Нови 100 милиони евра кредити за мали и средни фирми како поддршка за пандемијата

јуни 21, 2021

Договор за нови 100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) со кои ќе се поддржат најмалку 300 проекти на домашни мали и средни компании, денеска беше потпишан од министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, во присуство на евроамбасадорот […]

Развојна банка го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за кредити за корисниците од „Ковид 2“

јуни 11, 2021

Развојна банка на својата веб-страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредито-корисниците од „Ковид 2”. Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 18 јуни 2021 година кога е последниот ден за поднесување на Барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 (дванаесет) […]

НБРСМ: „Зелените кредити“ кај повеќето банки имаат учество до 10 отсто од вкупното кредитно портфолио

јуни 9, 2021

Повеќе од половина од домашните банки имаат преземено активности за одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор, при што дел од нив имаат развиено и систем за идентификување еколошки одржливи проекти, соопштуваат од Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ). Ова го покажуваат резултатите од Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и […]

Охриѓанец од затвор успеал да подигне брз кредит на туѓо име, доби кривична пријава од МВР

мај 21, 2021

Лице на 52-годишна возраст кое издржувало казна затвор во Казнено поправна установа во Штип успеало да измами сограѓанин и да подигне брз кредит на туѓо име. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (52) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. „Со намера да стекне […]

ЕБОР со еден милион евра кредит, продолжува со поддршката на малите и средни претпријатија

мај 11, 2021

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од еден милион евра за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП). „МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока […]

Кредит од Светска банка од 46,4 милиони евра за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование

мај 7, 2021

Со 46,5 милиони евра преку Рамката за партнерство со Светска банка, ќе се спроведат „Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор“ и „Проектот за унапредување на основното образование“. Првиот проект има за цел креирање на одржливи механизми за енергетска ефикасност во јавниот сектор, додека со „Проектот за унапредување на основно образование“, преку инвестиции во инфраструктурата, […]

ЕУ нема да ѝ помогне на Црна Гора во враќањето на кинескиот кредит, државниот долг се искачи на 103 отсто од БДП

април 14, 2021

Европската Унија (ЕУ) нема да ѝ помогне на Црна Гора во исплаќањето на кредитот од речиси 1 милијарда евра кон Кина. Портпаролот на Европската Комисија Петар Стано вчера соопшти дека ЕУ не може да враќа заеми што тие (земјите) ги земале од трети страни, пренесува ЕУ Обсервер. Црна Гора претходно побара помош од ЕУ за […]

Град Скопје: „Брзите автобуси“ на две линии ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Ново Лисиче, како и Бутел и Пинтија

април 11, 2021

Град Скопје соопшти дека за почетокот на спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз во Скопје се очекува Владата да го потпише договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за заем од 70 милиони евра со рок на отплата од 15 години, како и експерти на ЕБРД да ја доработат техничката документација што […]

Страна 2 од 10