петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: кредити | 202 резултати

Банките лани дале кредити во вредност од 400 милиони евра

јануари 23, 2016

Македонските банки лани одобриле кредити во износ од 400 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Според податоците за декември, кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население. По преземените мерки од Народната банка, банките годинава ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. […]

Банките давале повеќе кредити за фирмите, а помалку за граѓаните

јануари 13, 2016

Првичните податоци за декември покажуваат силно месечно зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка во голем дел била насочена кон корпоративниот сектор, а во помал дел и кон секторот население, пишува во најновиот извештај на Народна банка. – Со тоа, кредитите на приватниот сектор го продолжија порастот со солидна годишна стапка, […]

Банките потешко ќе издаваат потрошувачки кредити

декември 17, 2015

Народната банка ќе преземе мерки со кои од следната година банките ќе го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов пред еден месец, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. – На денешната седница, Советот […]

Се зголемуваат кредитите за компаниите и за граѓаните

декември 17, 2015

Податоците за ноември покажуваат зголемување на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка била насочена и кон секторот население, и кон корпоративниот сектор, се вели во последниот извештај на Народна банка. – Кредитите на приватниот сектор и понатаму се зголемуваат со солидна годишна стапка на пораст, при што сегашните оцени не упатуваат на поголеми отстапувања […]

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

ноември 12, 2015

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. – Потенцијалните мерки кои се […]

Компаниите од преработувачката индустрија најтешко ги враќаат кредитите

октомври 26, 2015

Нефункционалните кредити одобрени на претпријатијата имаат најголемо учество во вкупните нефункционални кредити. Меѓу нефункционалните кредити на претпријатијата, највисоко е учеството на кредитите одобрени на клиенти од преработувачката индустрија, 36 проценти, покажува анализата на Народна банка. – На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити кон клиентите од преработувачката дејност, производство на метали, машини, алати и опрема, учествуваа со 11,2 проценти […]

Граѓаните сè потешко ги враќаат потрошувачките и станбените кредити

октомври 26, 2015

Кредитите наменети за потрошувачка се најзастапени во нефункционалното кредитно портфолио на банките, покажува најновата анализа на Народна банка. Станбените кредити, пак, исто така предизвикаа пораст на учеството на нефункционални кредити наменети за набавка и за реновирање на станбен простор. – На 30 јуни 2014 година, нефункционалните кредити на банкарскиот систем на Македонија се поголеми за […]

Сè повеќе кредити во приватниот сектор

октомври 14, 2015

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за септември покажуваат забрзување на месечниот пораст на вкупните кредити на приватниот сектор. – Во септември, кредитната поддршка беше насочена и кон населението, но и кон корпоративниот сектор, каде што по двомесечното намалување, кредитите забележаа пораст. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во септември изнесува 8,9 проценти […]

Сè повеќе нефункционални кредити на фирмите

октомври 2, 2015

Зголемената кредитна активност на банките доведе до мало намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, на 11,5 проценти, движејќи се во рамките на вообичаеното ниво за последните две години, помеѓу 11 и 12 проценти, се вели во соопштението на НБРМ. – Кај претпријатијата ова учество се зголеми минимално, на 16 проценти, поради побрзиот […]

Се зголемуваат нефункционалните кредити на фирмите и на домаќинствата

август 6, 2015

Во првиот квартал од 2015 година, порастот на нефункционалните кредити, при поизразено забавување на кредитната активност на банките, придонесе за извесно зголемување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на 11,6 проценти, се вели во извештајот на Народна банка, за ризиците на банкарскиот систем во првиот квартал од 2015 година. Кај претпријатијата ова учество достигна 15,9 проценти […]

Штипските власти разгледуваат: Како до свеж капитал преку општински обврзници

јули 14, 2015

Економскиот факултет од Штип преку научен проект ќе ги утврдува можностите на Општина Штип за прибирање свеж капитал преку издавање општински обврзници. Научниот тим смета дека општините користат некреативен, класичен пристап на обезбедување дополнителни средства со задолжување преку кредитирање кај странски институции. Иако Заедницата на единиците на локалната самоуправа уште во 2011 година има издадено […]

Грција во исчекување на бриселска пресуда

јули 7, 2015

Нов пакет мерки и реформи или излез од еврозоната? Грчкиот тим, предводен од премиерот Алексис Ципрас и од министерот за финансии Евклидис Цакалотос, од денеска почнува нова битка за договор со поповолни услови за грчкиот народ, кој паралелно и ќе го осигури останувањето на државата во еврозоната и ќе ги задоволи барањата на европските кредитори. […]

Земјоделците ќе можат да користат кредити, во износ од 20 милиони долари

јули 2, 2015

УСАИД и Министерството за земјоделство заеднички ќе финансираат механизам за парцијално гарантирање кредити, што ќе се овозможи зголемено кредитирање на индивидуалните земјоделци. Во следните десет години, ќе бидат гарантирани земјоделски кредити во вкупен износ од 20 милиони долари. Договорот за соработка меѓу Владата и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство […]

Продолжува грчкиот трилер и заканите за избори

јуни 8, 2015

Нови клучни средби со клучни европски функционери ја очекуваат грчката влада оваа недела. Во тркa со времето, грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, денеска ќе се сретне со неговиот строг германски колега, Волгфанг Шојбле. Два дена подоцна, в среда, Алексис Ципрас ќе се соочи тет-а-тет со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа […]

Богов: Кризата ќе ги зголеми каматните стапки на кредитите

мај 18, 2015

„Народната банка нема да биде во функција на поддршка на економските политики и тоа ќе биде една загуба. Ќе недостига тој дел за економскиот пораст. Ние би почнале со затегање, а тоа затегање ќе значи зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните кои имаат земено кредити – изјави гувернерот Димитар Богов на […]

Владатa даде 36.500 евра за фитнес-опрема

март 10, 2015

Службата за општи и заеднички работи на Владата денеска потпиша договор за набавка на фитнес-опрема со фримата „Соникс“. Во договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки пишува дека се набавуваат два фитнес-велосипеди со потпирач за грб, три статични велосипеди, четири парчиња опрема за кревање тегови и пет тега за прачка. За набавката на оваа опрема Владата […]

Уапсен српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ

ноември 24, 2014

Српската полиција денеска го уапсила српскиот бизнисмен Мирослав Богиќевиќ, сопственик на компанијата „Фармаком“, поради финансиски криминал и малверзации при подигнување кредити од банки. Има сомневања дека Богиќевиќ на банките им должи повеќе од 400 милиони евра, на српската Даночна управа – 13 милиони евра, а на деловните партнери – 41,5 милиони евра. Овој бизнисмен, освен […]

Каде заглави отписот на долгови: Од 42.000 барања само 200 решенија

ноември 20, 2014

Откако на 1 ноември во Велес беа доделени првите 200 решенија за отпис на долгови на граѓаните од ранливи категории, до денеска нема поделено други, реагираат граѓаните. Според нив, иако министерот за финансии, Зоран Ставрески, ветил дека целиот процес за оваа мерка на Владата ќе заврши најдоцна до 25 ноември, иако имаат поднесено барање, досега немаат добиено […]

Страна 10 од 10