fbpx

Продолжува грчкиот трилер и заканите за избори

-

Нови клучни средби со клучни европски функционери ја очекуваат грчката влада оваа недела. Во тркa со времето, грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, денеска ќе се сретне со неговиот строг германски колега, Волгфанг Шојбле. Два дена подоцна, в среда, Алексис Ципрас ќе се соочи тет-а-тет со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, со кои имаше неколку телефонски разговори и видеоконференции минатата недела.

Оцените во Грција се дека грчката влада овие денови ќе ги искористи да продолжи со ризичната партија покер за да ги омекне позициите на меѓународните институции околу нејзините барања за подобри работнички услови и обид да не се врати државата повторно во вртлог на строги мерки за штедење и во рецесија. Оптимизмот за решение се подгрева во иста мера со тврдењата дека меѓународните кредитори имаат безобѕирни барања и не ги почитуваат грчките црвени линии, како и дека не прават ни чекор назад од своите црвени линии за да се постигне компромис околу прашањата што се спорни за Грција и кои, според владата на Ципрас, би ја втурнале Грција одново во рецесија.

Министерот за труд, Панос Скурлетис, изутринава во интервју за телевизијата „Мега“ истакна дека текот и резултатите од преговорите со меѓународните кредитори ќе одлучат директно дали ќе има избори или не.

– Ако не постигнеме некакво разбирање, сметам дека треба да се обратиме до народот за да му се објасни целата ситуација и да се побара тој да ни даде наредба која ќе има нови граници – изјави Скурлетис.

Министерот и близок соработник нa Ципрас подвлече дека иако грчката влада сака компромис, сепак не може да дозволи тој компромис да ги погази и избрише основните позиции на кои се темелат политиката и ветувањата на СИРИЗА. Според него, топката е кај европските партнери кои добија нов предлог за реформи од Грција, но сè уште не се однесуваат како да го прифаќаат како основа за преговори и за напредок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...