fbpx

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

-

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити.

Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити.

– Потенцијалните мерки кои се разгледувани од Народната банка, и кои од пред две недели како иницијатива се доставени до банките, не се однесуваат на зголемување на каматните стапки за потрошувачките кредити и на нивно поскапување, туку нивниот пораст да го доведеме до некоја нормалност. Односно, потрошувачките кредити да ги добиваат тие што можат да ги враќаат – вели Богов.

Поскапувањето на потрошувачките кредити би значело банките да издвојат поголем капитал за да ги одобрат, со што ќе ги направат кредитите не толку лесно достапни за граѓаните.

Богов истакна дека нема негативни тенденции кај потрошувачките кредити, иако стапката на пораст е повисока од другите кредити и, како што вели, Народната банка треба да превенира за да не се појават проблеми.

Од 2009 година потрошувачките кредити се најбрзорастечки, иако во моментов има пораст на стапката на кредитирањето и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...