fbpx

Каде заглави отписот на долгови: Од 42.000 барања само 200 решенија

-

Откако на 1 ноември во Велес беа доделени првите 200 решенија за отпис на долгови на граѓаните од ранливи категории, до денеска нема поделено други, реагираат граѓаните. Според нив, иако министерот за финансии, Зоран Ставрески, ветил дека целиот процес за оваа мерка на Владата ќе заврши најдоцна до 25 ноември, иако имаат поднесено барање, досега немаат добиено никаков одговор.

– Уште на почетокот, кога беше најавена мерката, поднесов барање за отпис на долг кон банка, во согласност со условите, поради болест. Ги приложив сите потребни и барани документи, но до денеска немам добиено никаков одговор. Мислам дека дури и ако сум одбиен, треба да добијам некакво известување за да не живеам во надеж – вели за „Мета“ жител на скопската населба Мичурин, кој документите ги поднел во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во општина Аеродром.

Министерот за финасии, Зоран Ставрески, на доделувањето на првите 200 решенија во Велес истакна дека се изработени сите одлуки што можеле да се завршат и така ќе се продолжи во текот на ноември.

– Очекувам во текот на ноември да го заокружиме процесот и до крајот на ноември сите граѓани што ги исполнуваат законските услови, а тоа се најсиромашните категории на граѓани, да добијат одлуки за отпис на долгот – додаде Ставрески.

Поднесувањето барања за отпис на долговите почна на 18 август, а крајниот рок беше 13 октомври.

Беа повикани сите граѓаните на Република Македонија да ги отпишат долговите за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и за потрошувачки кредити кон деловните банки и штедилниците, како и долговите за електрична енергија кон ЕВН, топлинска енергија кон „Топлификација“ и за радиодифузна такса кон МРТВ, ако ги исполнуваат условите на огласот.

Отпишување на долговите можеа да побараат корисниците на социјална парична помош или на постојана парична помош, невработени подолго од 12 месеци, и лица кои западнале во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест, или поради инвалидитет или болест на брачниот другар или смрт на брачниот другар и не биле во можеле да ги плаќаат долговите.

Oд вкупно 42.000 барања кои биле пристигнати во целата земја, во фаза на работа беа земени 31.350 барања, што е повеќе од две третини од вкупниот број на поднесени барања кои се доставени до институциите за обработка, а половина од тој број се вратени од институциите и се пратени во следната фаза до доверителите.

Одговор на прашањата дали е почната испораката на решенијата за отпис на долговите (без првите 200 кои свечено беа доделени), дали ќе бидат известени и оние луѓе на кои не им се прифатени барањата
и колку вкупно барања се прифатени, побаравме и од Министеството за финасии. Оттаму нè препратија во Министерството за труд и социјална политика, од каде и покрај инсистирањата на „Мета“, не добивме никаков одговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...