понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: кредити | 202 резултати

Просечната камата на депозитите на домаќинствата падна на 0,88 отсто

март 31, 2021

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентни поени на месечно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Притоа, промената се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,01 процентни поени, соодветно), во […]

ЕБОР со кредит од 2,5 милиони евра ќе ги кредитира малите и средни претпријатија

март 30, 2021

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит до 2,5 милиони евра на Комерцијална банка АД Скопје за натамошно кредитирање на локалните бизниси, за инвестиции во надградба на производните капацитети и усогласување со Директивите на ЕУ во областа на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, и квалитет и безбедност на производите, информираат од […]

Одобрени уште 3,6 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

март 15, 2021

Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА-програмата, информираат од Развојна банка. „Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милион евра, се одобрени 2.459 кредитни барања, на вкупен […]

Намалени депозитите и кредитите во јануари

февруари 19, 2021

Во јануари годинава, вкупните депозити бележат месечно намалување од 0,5 отсто, што целосно се објаснува со падот кај депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Вкупните кредити, во јануари 2021 година, се намалиле за 0,1 отсто, како резултат на намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, додека кај кредитирањето на домаќинствата нема промена на […]

Бесими: 30 до 50 отсто од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант, ако компаниите го прошират бизнисот

февруари 18, 2021

Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност […]

Развојна банка: Одобрени 23 милиони евра од ,,Ковид 3” за 2.009 корисници со 15.197 вработени

јануари 30, 2021

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, информираат од Развојната банка на Северна Македонија. Досега се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени […]

Намалена побарувачката за кредити од граѓаните и компаниите

јануари 29, 2021

Сè помалку граѓани и компании бараат кредити од македонските банки, покажуваат податоците од новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Во четвртиот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, слично како во претходната анкета. „Имено, околу 51 отсто од банките укажуваат на намалување […]

И годинава може да се аплицира за субвенции за „Купи куќа, купи стан“

јануари 25, 2021

Министерство за финансии информира дека граѓаните и годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Од таму додаваат дека објавен е јавен повик согласно кој, граѓаните ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември 2021 година за државна субвенција на учеството или месечната рата за […]

Одложена отплата на половина од вкупните кредити на населението во третиот квартал од 2020

јануари 12, 2021

Во третиот квартал од 2020 година, кредитите со одобрен грејс-период согласно со регулаторните измени заради ковид-19 зафаќаат 43,9 отсто од вкупните редовни кредити на нефинансискиот сектор (46 отсто на 30.6.2020 година), покажува новиот извештај на Народната банка за ризиците во банкарскиот сектор. Од аспект на структурата, близу две третини од овие кредити отпаѓаат на физичките […]

Развојната банка одобри 5,9 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија за 506 компании

јануари 12, 2021

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, започна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА-програмата, информираат од таму. „Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот […]

Порталб: Граѓаните и фирмите кренаа „рачна“, намалена побарувачката за кредити

декември 21, 2020

Речиси двојно е намален бројот на банки кои на крајот на третиот квартал во споредба со вториот укажеaе дека побарувачката за корпоративни кредити е намалена. Расте бројот на банкари кои сметаат дека монетарната политика незначително влијае врз одредување на каматите за кредтите, пишува Порталб.мк. Ваквите трендови регистрирани во најновата Анкета за кредитна активност, се последица […]

Компаниите од денеска ќе може да аплицираат за Ковид 3 бескаматна кредитна линија преку Развојна банка

декември 16, 2020

Од денеска почнува да се реализира Ковид 3 бескаматната кредитна линија со грант компонента преку Развојната банка. Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од денес до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка, Кире Наумов. Како […]

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

декември 12, 2020

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај. „Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на […]

Трета бескаматна ковид кредитна линија: 31 милион евра за микро и малите компании, трговски претријатија и занаетчии

декември 7, 2020

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка Кире Наумов, ја промовираше новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а […]

Продолжува минималниот пад на каматните стапки на кредитите

ноември 30, 2020

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68 отсто и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процетни поени (п.п) и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити […]

Намалено штедењето, минимален пораст кај кредитите во текот на октомври

ноември 21, 2020

Кај вкупните депозити во октомври 2020 година, е остварен пад од 0,2 отсто на месечна основа, којшто во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот домаќинства, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3 отсто, којшто […]

Порталб: ЈП „Градски паркинг“ – Тетово бара кредит, а троши 25.000 евра месечно на плати

ноември 5, 2020

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ -Тетово, иако постојано работи со загуба, пред неколку дена побара заем од 6 милиони денари, пишува Порталб. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го оправдува ова со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Сепак, Порталб.мк обезбеди финансиски извештај со кој се потврдува дека дури и кога немаше пандемија, оваа компанија работела со […]

Продолжува падот на каматите на кредитите и депозитите

ноември 4, 2020

Во септември 2020 година, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити која што оствари месечен и годишен пад од 0,03 процентни поени и 0,39 процетни поени и изнесува 4,70 отсто, покажуваат новите податоци на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 процентни поени и […]

Владата ќе го олесни пристапот до финансии за микро, мали и средни компании

октомври 13, 2020

Министерството за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот заради олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата од ковид-19. „Владата на Република Северна Македонија […]

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

октомври 6, 2020

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на […]

Страна 3 од 10