fbpx

Развојна банка: Одобрени 23 милиони евра од ,,Ковид 3” за 2.009 корисници со 15.197 вработени

-

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, информираат од Развојната банка на Северна Македонија.

Досега се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица.

Според структурата, 1.123 кредитни барања се од мали компании, додека 741 барања се од микро компании. Вкупно 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.009 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 14 отсто, Југозападниот регион со 12 отсто и Југоисточниот регион со 12 отсто. Следни се Источниот и Пелагонискиот регион со 10 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања, заклучно 29 јануари 2021 година.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Досега е донесена одлука за 2.264 кредитни барања, кои пристигнале заклучно со 20 декември, 18 часот, од кои за 255 е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик.

Најчест услов кој апликантите не го исполнуваат е поврзан со барањето за капиталот во билансните позиции за 2019 година. Имено, 88 кредитни барања имале негативен износ на капитал во билансите, 72 кредитни барања биле поднесени од апликанти кои не се опфатени со Јавниот повик, односно не се микро или мало трговско друштво, трговец-поединец или занаетчија. Досега, 32 од неодобрените кредитни барања се заради недоволен капитал и резерви, 19 заради неприфатлива кредитна категорија, 6 отсто се поголеми субјекти од опфатот на Јавниот повик. Вкупно 15 кредитни барања се поднесени од апликанти кај кои не е исполнет условот од 20 отсто пад на приходите, додека 11 кредитни барања се поднесени од нови субјекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...