fbpx

Намалена побарувачката за кредити од граѓаните и компаниите

-

Сè помалку граѓани и компании бараат кредити од македонските банки, покажуваат податоците од новата анкета за кредитна активност на Народната банка.

Во четвртиот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, слично како во претходната анкета.

„Имено, околу 51 отсто од банките укажуваат на намалување на кредитната побарувачката, додека околу 39 отсто од банките укажуваат на зголемување на побарувачката. Од аспект на поединечните типови кредити, побарувачката на станбените и останатите кредити забележа натамошно нето-намалување, но послабо кај станбените кредити во споредба со претходниот квартал. Кај потрошувачките кредити банките исто така укажале на нето-намалување, за разлика од малото нето-зголемување во претходната анкета. Нето-намалувањето на побарувачката на вкупните кредити во четвртиот квартал е спротивно на очекувањата на банките дадени во претходната анкета за нето-зголемување во истиот квартал. Во првиот квартал од 2021 година, банките очекуваат понатамошно нето-намалување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата“, соопшти Народната банка.

Слична е состојбата кај кредитирањето на компаниите. Во четвртиот квартал на 2020 година, банките укажуваат на натамошно нето намалување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити, но послабо во споредба со претходната анкета.

„Имено, околу 36 отсто од банките укажуваат на намалување на вкупната кредитна побарувачка (59 отсто во претходната анкета). Околу 17 отсто од банките укажуваат на зголемување на побарувачката за корпоративните кредити, слично како и во претходната анкета. Нето-намалувањето на побарувачката во четвртиот квартал е спротивно на очекувањата на банките дадени во претходната анкета за нето-зголемување на побарувачката. За првото тримесечје на 2021 година, банките очекуваат дека ќе продолжи нето-намалувањето на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата“, велат од Народната банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...