fbpx

Развојната банка одобри 5,9 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија за 506 компании

-

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, започна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА-програмата, информираат од таму.

„Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3.552 вработени. Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и девет кредитни барања се од трговци-поединци,“ се вели во соопштението.

Од банката информираат дека кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него.

„Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...