Државата со 10 милиони евра гаранција, на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити

-

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар и електронска фактура се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период.

Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога тој е лимитиран. Бесими посочи дека преку државната гарантна шема значително ќе се подобри пристапот до капитал, така што државата со 10 милиони евра гаранција на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити од комерцијалните банки. Како што најави министерот, овој проект треба да се реализира до крајот на годината.

Во поглед на даночната регулатива, бизнис-заедницата побара поголема предвидливост преку воведување на даночен календар, со што подолг период однапред ќе се знаат измените кои би ги правела државата во даночната регулатива. Бесими посочи дека ова е прифатливо барање и дека една од заложбите во четиригодишниот мандат ќе биде поголема даночна предвидливост. Но исто така рече, дека во услови на криза понекогаш се потребни брзи акции кои се разбира би биле во интерес на стопанствениците.

Во поглед на парафискалните давачки, тој најави дека следните четири години истите ќе се скратат за 75 проценти.

За барањето за електронска фактура беше посочено дека во рамки на Министерство за финансии, се веќе одржани работни состаноци во однос на можноста за практична имплементација. Понатаму ќе се направи скрининг на релевантните закони и ќе се изготви предлог правилник кој ќе се однесува на електронската комуникација, доставување, пренос и прием на е-фактура.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...