Грција одобри закон за истополови граѓански партнерства

Грчкиот парламент со 194 гласа „за“ го одобри законот за истополови граѓански партнерства. Со изгласувањето на овој закон, хомосексуалните двојки во Грција што ќе се одлучат за цивилен брак, отсега ќе ги имаат истите права како и хетеросексуалните брачни партнери. Грција со изгласување на овој закон...

Спасовски: Хајката нема да нè спречи да спроведеме професионална истрага

Времето на хајки заврши и време е за законски и за професионални истраги, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција посветена на аферата со фалсификуваните лични карти. Тој е убеден дека истрагата ќе покаже за што биле употребени тие....

СДСМ: Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски

Денеска СДСМ и коалициските партнери нема да присуствуваат на годишното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, изјави Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ. - Учинокот на Иванов, во неговото сторување и несторување, е најголемо девастирање и понижување на функцијата претседател на државата....

Граѓаните со протест пред Собранието побараа оставка од министерот Тодоров

Додека во Собранието во тек е расправата за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пред Собранието граѓани и активисти со извиците „Оставка“ и „За Тодоров затвор“ потестираа против лошите политики во здравството. Тие побараа од министерот Тодоров да поднесе оставка од функцијата и да...

Тодоров набројуваше проекти, пратениците му ги редеа трагичните случаи

Денеска на седницата на Собраниeто, на која се расправа за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и за многу...

Работните групи за медиумите останаа да висат

Неизвесно е дали денеска ќе се одржат средби на работните групи за медиумите. Преговорите се сопрени откако по предлог на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, политичките партии требаше да предложат можни решенија. За денеска партиите требашеда ги кажат своите мислења во оваа сфера, особено како тие би...

Апел од „Вест“ до меѓународната заедница: Власта сака да го скрши весникот

Уредничкиот колегиум на редакцијата на дневниот весник „Вест“ упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а поврзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник, Горан Михајловски. Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на...

Јавно обвинителство: Откриена е тајната работилница за фалсификување лични карти

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека при постапувањето по предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, на министерот за внатрешни работи, пронајдена била работилницата каде се фалсификувале документите. „Во вршењето истражни дејства, во тек на вчерашниот...

Скопјани ќе протестираат против загадувањето на воздухот

По масовните протести во Тетово, и скопјани ќе протестираат против енормното загадување на воздухот и ќе побараат преземање на конкретни мерки за да се реши тоа. Протестот, чие мото гласи „Не се дише“, ќе почне утре, во 12 часот пред просториите на Град Скопје. На...

Ременски најави кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, објави дека ќе поднесе кривична пријава за несовесно работење на поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Ременски го обвинува својот заменик дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на...

Јавните обвинители ќе добиваат повисоки плати за прекувремена и за работа на празници

Јавните обвинители и судиите ќе добијат повисоки плати за прекувремена работа и за работа на празници од 35 до 50 отсто. Ова го предвидуваат предлог-законите за измени и за дополнување на Законот за плати на јавните обвинители, односно судии, кои веќе се во собраниска...

„Економист – Светот во 2016“ излезе на македонски јазик

Специјалното издание на британскиот економиски магазин „Економист - Светот во 2016“, излезе на македонски јазик. Изданието е испечатено во 16.000 примероци, а дел од нив ќе се продаваат по 150 денари во следните шест месеци. Од издавачката куќа „Колор медија“, која го испечати ова издание,...

За билет купен од возачот, ЈПС ќе наплаќа 60 денари

Oд 1 јануари следната година, доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот на ЈСП Скопје, ќе мора да платите 60 денари, предвидува новиот ценовник на Град Скопје и на Јавното сообраќајно претпријатие. Предлогот треба да го гласаат градските советници на седницата што...

Гордана Јанкулоска стана доктор на науки

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, стана доктор на науки од областа на безбедноста. Таа на Факултетот за безбедност во Скопје ја одбранила докторската дисертација на тема „Современи методи во сузбивањето на транснационалниот економско финансиски криминал“. За напредокот во науката и за новата академска...

Груевски: Ќе се повлечам кога ќе дојде време во согласност со законскиот рок

Датумот на повлекување од функцијата ќе биде кога ќе му дојде времето во согласност со законскиот рок. Вака премиерот Никола Груевски, на денешната прес-конференција, одговори на новинарско прашање за тоа кога ќе се повлече од премиерската функција во согласност со Договорот од Пржино. Тој...

Новите членови на ДИК денеска ќе дадат свечена заклетва

Денеска, во 14 часот, пред пратениците во Собранието, новите членови на ДИК треба да дадат свечена заклетва. Членови од редот на експертите се Александар Чичаковски, кој ќе биде и претседател на комисијата, Реџеп Прекопуца кој ќе биде и потпретседател, и Атанас Урумов. Членови од ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Прекин на наставата и предвремен распуст во Тетово поради енормното загадување

Поради екстремното ниво на загадување на воздухот, Општина Тетово донесе одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта. Оваа одлука е донесена по состанокот со раководствата на воспитно-образовните институци. Настава нема да има до крајот на првото полугодие. Оваа одлука е...

Собранието денеска ќе ги избира членовите на ДИК

Денеска, во 11 часот, во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, на која ќе се утврдува предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и на членови на Државната изборна комисија. По оваа комисиска седница се очекува да...

Ванхауте: Сите беа конструктивни, но има уште многу да се сработи до изборите

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте го поздрави денеска постигнатиот договор за експертите во ДИК. - Многу сум задоволен што можам да ве информирам дека лидерите на политичките партии постигнаа договор за ДИК. Се надевам дека наскоро ќе почне да работи, да избере генерален секретар. Можам да...

„Неписмен“, „Глуп“, „Ќути“, „Доста збориш“, „Какво детство си имала“ – вака се разговара во Анкетната комисија

„Неписмен“, „Глуп“, „Ќути“, „Доста збориш“, „Не знаеш да водиш седница“ и „Какво детство си имала“. Ова се само дел од навредите што пратениците, членови на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, си ги упатуваат секојдневно на седниците. Денеска, пратеничката Владанка Авировиќ, без да добие збор, на...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...