fbpx

СДСМ: Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски

-

Денеска СДСМ и коалициските партнери нема да присуствуваат на годишното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, изјави Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

– Учинокот на Иванов, во неговото сторување и несторување, е најголемо девастирање и понижување на функцијата претседател на државата. Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски. Ние тврдевме, а проектот „Вистината за Македонија“ потврди дека изборите се нелегитимни, криминални и фалсификувани, а Иванов молчеше и за прислушувањето на 20.000 граѓани. Слика има, тон нема. Да имаше Иванов доблест, ќе поднесеше оставка уште на денот кога се потпиша Договорот од Пржино – изјави Сугаревски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат оставка од министерот за внатрешни работи поради скандалот со фотографијата со осомничниот за фалсификување лични карти, Сугаревски рече дека во ниту еден случај нема да го направат тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...