Рација во Истанбул, убиени две припаднички на милитантни ќелии

-

Турската полиција рано утринава, во рација во Истанбул, уби две жени, кои, како што пренесуваат локалните медиуми, биле припаднички на милитантни ќелии.

Агенцијата „Доган“ наведува дека пресметката во која полесно се повредени четири лица се случила во европскиот дел на градот.

Во извештајот не е прецизирано на која организација ѝ припаѓале овие жени.

Агенцијата пренесува дека жените биле дел од ќелијата што се поврзува со мистериозниот бомбашки напад на станицата на истанбулското метро на 1 декември, кога беа ранети шест лица.

Ниту една група не ја презела одговорноста за тој напад, а се претпоставува дека мета на нападот било полициско возило кое се наоѓало во близина.

Денешниот судир избил кога милитантите пукале на полицајците при претресот.

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...