fbpx

Прекин на наставата и предвремен распуст во Тетово поради енормното загадување

-

Поради екстремното ниво на загадување на воздухот, Општина Тетово донесе одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта. Оваа одлука е донесена по состанокот со раководствата на воспитно-образовните институци. Настава нема да има до крајот на првото полугодие.

Оваа одлука е донесана по бојкот и протест на учениците поради екстремното аерозагадување во Тетово.

– Донесовме одлука наставата да биде прекината до крајот на првото полугодие, а во меѓувреме Општина Тетово и понатаму ќе ги спроведува мерките за намалување на загадувањето. Ќе се мијат улиците со калциум магнезиум ацетат и ќе продолжиме со воведување зонско паркирање во градот. За наредната година ќе го ставиме во функција и претпријатието за јавен транспорт – изјави градоначалничката Теута Арифи.

За утре напладне еколошките здруженија најавија блококади на сите главни влезови во градот поради, како што изјавија, непреземањето соодветни мерки за намалување на аерозагадувањето. Тие најавија дека блокадите и протестите ќе продолжат и во текот на наредниот период.

Градоначалничката Арифи изјави дека ги поддржува протестите затоа што тоа е демократско право на секој граѓани, но на утрешниот протест нема да се појави поради работните обврски во локалната самоупорава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...