За билет купен од возачот, ЈПС ќе наплаќа 60 денари

-

Oд 1 јануари следната година, доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот на ЈСП Скопје, ќе мора да платите 60 денари, предвидува новиот ценовник на Град Скопје и на Јавното сообраќајно претпријатие.

Предлогот треба да го гласаат градските советници на седницата што ќе се одржи во вторник.

Ќе може да се плаќа со електронска картичка и со мобилен телефон. Плаќањето со мобилен ќе биде поскапо отколку тоа со картичка.

Едно возење ќе чини 35 денари и за прва и за втора зона, а доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот, ќе мора да платите 60 денари. Ќе остане цената за билетот за 10 возења од 250 денари во градска, односно прва зона, а тој за двете зони ќе чини 300 денари, односно, цените се како и досега. Овој билет ќе има важност од 15 дена.

Новитет е и што се воведуваат временски билети – за 90 минути, за еден ден, за седум дена, а поевтинуваат месечните билети за сума од меѓу 40 до 80 денари. Дневниот билет ќе важи до 24 часот, а потоа ќе може да се плати ноќен билет, кој ќе чини исто колку сега – 40 денари, но доколку плаќате со електронската картичка.

Плаќањето со мобилен ќе се прави така што се доближува мобилниот телефон до валидаторот откако претходно ќе се заврти телефонскиот број 185.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...