вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Советници | 52 резултати

ВМРО-ДПМНЕ сака да им ги одземе мандатите на советниците во Карпош кои не се појавиле три седници едноподруго

31 август 2022

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош денеска поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов за отпочнување процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница на Советот. Од партијата сметаат дека не смее повеќе да се толерира и плаќа неработењето. „Треба […]

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

23 август 2022

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од […]

Анализи на „Младите можат“: Менталното здравје е табу-тема, кариерното советување на младите подзаборавено

22 јуни 2022

Институцијата училиштен психолог сè уште се однесува само како коректив каде се испраќаат ученици кои имаат намалено поведение, слаби оцени или учествуваат во физичка расправија. Ова е една од причините зошто 60 отсто од средношколците на темата ментално здравје се информираат преку социјалните мрежи, додека само 9 отсто од нив тоа го прават преку училиштата, […]

Порталб: Владата го распушти Советот на општина Тетово, наскоро нови локални избори

14 јуни 2022

Во општина Тетово наскоро ќе мора да се одржат нови локални избори, на кои ќе се избираат нови членови на Советот на општина Тетово, откако Владата денеска донесе одлука да го распушти Советот во неговиот сегашен состав, јави Порталб.мк, повикувајќи се на информација од Владата. Денешната одлука на Владата уследи по прекршувањето на ставот 2 […]

Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

2 јуни 2022

Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е […]

Владата ги објави имињата на 12-те надворешни советници на премиерот Ковачевски

12 април 2022

Владата денеска ги објави имиња на надворешните советници на премиерот Димитар Ковачевски, соопштувајќи дека бројката на експерти што ќе го советуваат премиерот, од досегашните 50 е намален само на 12. Според владиното соопштение, надворешните советници на Ковачевски се „реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на […]

МНР реагира на некористењето на уставното име од страна на новата локална власт во Штип и Аеродром

2 ноември 2021

Министерството за надворешни работи (МНР) реагираше на некористењето на уставното име на земјава на конститутивните седници на Советите на општина Штип и општина Аеродром, односно при потпишувањето на свечената изјава од страна на новоизбраните советници. Министерството укажува дека според законите за ратификација на Преспанскиот договор и за уставните измени од јануари 2019 година, уставното име […]

ДИК ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, втор круг во 44 општини

23 октомври 2021

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, што се одржа во неделата. Втор круг избори на 31 октомври, ќе има во 44 општини. Избрани градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се: Аеродром – Тимчо Муцунски Босилово – Ристо Манчев Бутел – Дарко Костовски Велес […]

Отворени гласачките места за седмите локални избори, право на глас имаат 1. 824.864 граѓани

17 октомври 2021

Гласањето на седмите локални избори од осамостојувањето на државата, започна во седум часот утринава. Државната изборна комисија (ДИК) во 9.30 часот ќе соопшти за навременото отворање на сите 3.480 избирачки места. Право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. За 80 општини и Град Скопје, граѓаните денеска ќе избираат нови градоначалници и […]

Штипскиот градоначалник назначи нови директори на двете комунални претпријатија

22 март 2021

Три месеци по преземањето на градоначалничката функција во Штип, Сашко Николов ги разреши двајцата директори на штипските јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, поставени од неговиот претходник Благој Бочварски. „Досегашните двајца директори достигнаа плато, права линија и затоа се назначени нови, кои ќе донесат нова енергија во двете јавни претпријатија“. Вака смената ја образложи градоначалникот Сашко […]

ЦГК: Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно

13 јануари 2021

Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1.319-те општински советници и претседатели на совети на општините изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната […]

Промени во Советот на Општина Прилеп откако двајца советници станаа пратеници

25 август 2020

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Елена Ташкоска, е новоименуван претседател на Советот, на местото на досегашниот Миле Талевски, којшто во новиот собраниски состав ја извршува функцијата -пратеник во редовите во пратеничката група на СДСМ. -Изборот за претседател на Совет на општина Прилеп за мене претставува огромна чест, но и […]

Кочанскиот Совет побара да запрат активностите на хидроелектраната на Мала Река

11 август 2020

Загрижени за влијанието врз животната средина, но и езерото Гратче, како единствениот поголем воден резерват во Кочани, членовите на Советот на Општината од сите политички партии, на итна седница побараа запирање на сите постапки врзани со изградбата на мини електрана на Мала Река. Поучени од многу примери во регионот, кога цели реки исчезнаа поради изградбата […]

Kонтраспин: Маркетиншко бранење на името од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за сметка на тетовчани

27 декември 2019

Изјавата за причините за напуштање на седница на Општина Тетово, од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ која се расправало за буџетот за 2020 година, ја сметаме за извртена вистина, т.е. спин, пишува „Вистиномер.мк“. Спин: Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побаравме од претседавачот на Советот да ја изземе точката за промена на Статутот, со која […]

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Шилегов парите за дочекот да ги донира во хумани цели

16 декември 2019

Групата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара градоначалникот Шилегов 100.00-те евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели. Тие прашаа и зошто се трошат 300.000 евра за украсување на градот, кога воздухот во него е енормно загаден. „Во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите […]

Општина Охрид: Инцидентот помеѓу советниците e изолиран случај и нема да се повтори

11 јуни 2019

Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината седницата, денеска локалната самоуправа го осуди инцидентот помеѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. „Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи […]

Во Чаир се чека летото за да се започне со изградба на паркинзи

26 март 2019

Сè уште нема решение на проблемот со недостигот на паркинг места во општина Чаир, иако ова беше клучно предизборно ветување на актуелниот градоначалник на општината, известува „Порталб.мк“. Од Општината не даваат конкретна информација, а пред извесно време градоначалникот Висар Ганиу рече дека проблемот ќе почне да го решава ова лето, Откако одговори не добиле од […]

Нема да имa референдум за депонијата во општина Свети Николе

21 март 2019

Повеќе од два часа расправа се одвиваше вчера попладне, главно за тоа кој згрешил, а кој наводно не знаел, што сега во Советот на Општина Свети Николе се разгледува иницијативата од ВМРО-ДПМНЕ за распишување општински референдум. На овој референдум, што би се одржал заедно со претседателските избори, граѓаните би се изјаснувале за изградбата на регионална […]

Стопирана постапката за легализација на седум објекти во автокампот „Градиште“

6 февруари 2019

На вчерашната седница на Советот на општина Охрид, беше повлечена предлог-одлуката за легализација на седум бесправно изградени објекти во автокампот „Градиште“. Вршителот на должност градоначалник на општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека, причина за ваквиот потег е разрешувањето на досегашната Комисија за денационализација и формирањето на нова од страна на владата, од која ќе се […]

Кочанските советници ја преименуваа улицата „ВМРО“ во „Маршал Тито“

31 октомври 2018

Мнозинството во Советот на Општина Кочани го врати името на една од централните улици, што неколку децении го носеше името на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз – Тито. Советниците од коалицијата на СДСМ го сменија името на улицата во „Маршал Тито“ со поддршка на еден независен советник. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во време кога […]

Страна 1 од 3