fbpx

Владата ги објави имињата на 12-те надворешни советници на премиерот Ковачевски

-

Владата денеска ги објави имиња на надворешните советници на премиерот Димитар Ковачевски, соопштувајќи дека бројката на експерти што ќе го советуваат премиерот, од досегашните 50 е намален само на 12.

Според владиното соопштение, надворешните советници на Ковачевски се „реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво“, Станува збор за професори од Економски факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри.

Функцијата надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во Канцеларијата на претседателот на Владата ја извршува експертот од Германија, Јоханес Хајдекер. Хајдекер, кој претходно работел на повеќе менаџерски позиции во приватниот сектор, ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Северна Македонија со Германија и другите земји на ЕУ, со акцент на промоцијата на начините на снабдување низ европскиот континент и економската политика за време на корона кризата.

Професор д-р Предраг Трпески, од Економскиот факултет, кој е експерт за пазарот на трудот, а во минатото бил дел и од извршната власт, е надворешен советник за економија.

Професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов е назначен за надворешен советник за Берлинскиот процес. За политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии.

Глигор Бишев кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор во Република Северна Македонија е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси. Нина Фити-Неделковска, претставничка од Светска банка ќе ја врши функцијата надворешен советник за финансии. Дополнително на листата на советници се поранешниот пратеник Исмет Рамадани кој е надворешен советник за евроатлански вредности и Драган Василевски за одбрана.

Надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Спасе Додевски е надворешен советник за образование и социјала. Додевски и во претходниот мандат на Владата беше вклучен во креирањето на политики поврзани со социјала и инклузија, а Симона Ристеска за даночна политика. Д-р Ристеска е професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија. Со докторат се има стекнато на лондонската економска школа.

Маја Ангеловска е надворешна советничка за дигитализација. Ангеловска има 25 годишно работно искуство во телекомуникацискиот сектор во државата и извршувала менаџерски позиции, но и учествувала во имплементација на планови за дигитализација на услугите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...