Во Чаир се чека летото за да се започне со изградба на паркинзи

-

Сè уште нема решение на проблемот со недостигот на паркинг места во општина Чаир, иако ова беше клучно предизборно ветување на актуелниот градоначалник на општината, известува „Порталб.мк“.

Од Општината не даваат конкретна информација, а пред извесно време градоначалникот Висар Ганиу рече дека проблемот ќе почне да го решава ова лето, Откако одговори не добиле од градоначалникот и од портпаролот на општината, Куштрим Ала, од „Порталб“’ контактирале со членовите на Советот на општина Чаир во врска со проектот за катните гаражи ветени како решение на проблемот со недостигот на паркинг места.

Советникот на ДУИ во општина Чаир, Захир Бектеши, вели дека за крупните проекти досега не се разговарало бидејќи сè уште се изготвуваат проектите.

– Чекаме да се изготват проектите, но верувам дека тие ќе се стават на дневен ред на седниците на советот по изборите. Значи дека во прашање се денови – вели тој.

За „Tv21“, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу рече дека од јуни ќе започне изградбата на катни гаражи во оваа општина. Една е планирана на улицата „Цветан Димов“, потоа на булеварот „Никола Карев“ („Пластичарска улица“), една кај Иса Бегова Џамија и еден кај Албански театар на Бит Пазар.

Од друга страна, советниците велат дека не знаат за проектите на Ганиу, бидејќи тој не учествува на седници и не им одговара на поставените прашања. Поранешната претседателка на Советот на оваа општина, сега советничка од партијата Беса, Џемиле Мемети, вели дека градоначалникот ниту еднаш не присуствувал на седница, како и дека не се земени предвид прашањата на Советот за различни ситуации.

– Сме прашале неколку пати за ветените проекти во кампањата на Ганиу, но бидејќи тој не доаѓа на седници, немаме добиено одговор. Исто така прашање доставивме во писмена форма до градоначалникот додека бев претседателка на Советот и, повторно, не добивме одговор – вели Мемети.

Ганиу во интервју за „Порталб“ рече дека овој проект е уште во фаза на подготовка и комплетирање на законската документација и после ова се очекува да помине низ неколку филтри пред да се започне со неговата реализација.

Овој проект се споменува во едногодишниот извештај на Ганиу, во кој се ветува дека реализацијата ќе биде во 2019 година.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...