fbpx

Отворени гласачките места за седмите локални избори, право на глас имаат 1. 824.864 граѓани

-

Гласањето на седмите локални избори од осамостојувањето на државата, започна во седум часот утринава. Државната изборна комисија (ДИК) во 9.30 часот ќе соопшти за навременото отворање на сите 3.480 избирачки места.

Право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. За 80 општини и Град Скопје, граѓаните денеска ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети.

За да може да се изврши успешен избор на градоначалник, неопходно е на избирачките места да излезат една третина од вкупниот број гласачи кои се запишани во Избирачкиот список во конкретната општина.

За првпат на изборите во земјава, денеска на избирачките места ќе се гласа со биометриска проверка на секој одделен гласач. Пред да може секој граѓанин впишан во Избирачкиот список да гласа, неопходно ќе биде преку уредот за биометриска идентификација да се провери неговиот отисок на прст, којшто ќе треба да се совпаѓа со отисокот кој го има во базата која е внесена во уредот за идентификација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...