ВМРО-ДПМНЕ сака да им ги одземе мандатите на советниците во Карпош кои не се појавиле три седници едноподруго

-

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош денеска поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов за отпочнување процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница на Советот.

Од партијата сметаат дека не смее повеќе да се толерира и плаќа неработењето.

„Треба да се знае дека во Карпош времето на неработниците за граѓаните е завршено. Треба да знаат сите оние кои што не ги почитуваат позитивните законски прописи дека консенквенците за нивното работење, односно неработење треба да се поднесе. Три пати не биле советници од повеќе советнички групи, но ние цврсто стоиме на ставот дека секој еден кој што ќе нема оправдание треба да го изгуби советничкиот мандат. И оној што следува потоа на листата да си дојде во Советот на Општина Карпош“, порача Роберт Вељановски, советник во Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече оти се очекува до следната седница да биде завршена процедурата и на дневниот ред на таа седница да се поднесе точка на Дневниот ред за одземање на мандатите. Вељановски порача дека тоа би било во согласност со Законот за локална самоуправа и членовите од Деловникот за работа на Советот на Општина Карпош.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...