fbpx

Kонтраспин: Маркетиншко бранење на името од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за сметка на тетовчани

-

Изјавата за причините за напуштање на седница на Општина Тетово, од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ која се расправало за буџетот за 2020 година, ја сметаме за извртена вистина, т.е. спин, пишува „Вистиномер.мк“.

Спин:

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побаравме од претседавачот на Советот да ја изземе точката за промена на Статутот, со која беше предвидено да се промени името на Република Македонија со додавање на придавката Северна. За жал, за ова не добивме поддршка од ниту еден друг советник. Индикативно е тоа што токму денеска оваа точка се става на дневен ред, кога треба да се расправа и усвои буџетот на Општината, на што ние имавме да дадеме конструктивни забелешки. Имајќи предвид дека на сите им е познат ставот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да учествува во промената на името, ова е направено само за да не учествуваме во расправата за општинскиот буџет. Поради ова, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата на денешната седница на Советот на Општина Тетово, изјави Александар Вељаноски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Општата јавност во земјава не мора да е во детали запозната со проблемите на Општина Тетово, ама по нешто начула. На пример, за проблемот со дивоградбите, за проблемот со загадувањето, за проблемот со третирањето на отпадот, за проблемот со водата, за неасфалтирани улици и паркинг простор, за немање јавен превоз при повеќегодишно постоење на јавно претпријате за тоа, за подвоеното образование на децата Македонци и Албанци, итн.

Тетовочани сигурно во детали си ги знаат сите „мал милион“ проблеми во градот и Општината, а особено знаат дека за да се решат плаќаат даноци од кои потоа се финансира и нивната локална самоуправа со 1,8 милијарди денари или околу 29,3 милиони евра!

Кога некој е искрено влезен во политиката за повисока цел – да помогне неговото општество да живее подобро, во случајот советниците да помогнат нивните граѓани во Општината да живеат подобро – тогаш не може да си дозволи да напушти расправа за најважното нешто, парите со кои ќе се спроведуваат политиките. Без оглед дали станува збор за власт или опозиција. И власта и опозицијата треба да покажат максимална сериозност кога станува збор за планирање како ќе се собираат и ќе се трошат јавните пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...