fbpx

Промени во Советот на Општина Прилеп откако двајца советници станаа пратеници

-

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Елена Ташкоска, е новоименуван претседател на Советот, на местото на досегашниот Миле Талевски, којшто во новиот собраниски состав ја извршува функцијата -пратеник во редовите во пратеничката група на СДСМ.

-Изборот за претседател на Совет на општина Прилеп за мене претставува огромна чест, но и уште поголема одговорност пред граѓаните, Советот да биде место каде ќе се носат одлуки кои ќе го подобруваат животот на граѓаните – изјави Ташкоска.

Освен Миле Талевски, пратенички мандат во новиот собраниски состав доби и досегашниот координатор на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот Совет, Петар Ристески.

На местото на Талевски и Ристески, Советот ги верификуваше мандатите на двајца нови членови, Александар Чапкуноски од СДСМ и Кирил Ѓорѓиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...