fbpx

Тодоров набројуваше проекти, пратениците му ги редеа трагичните случаи

-

Денеска на седницата на Собраниeто, на која се расправа за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и за многу други неуспешни проекти.

– Господине Тодоров, доста е! Ако во Вас останало достоинство, одете си! За да го кажам ова, кредибилитет ми дадоа Тамара, починатата родилка од Гевгелија и нејзиното неродено бебе, евтините, а неквалитетни лекови, здравството со долгови, неуспешниот „Мој термин“, жените од Шутка, отруениот пациент од Битола, пијаните анестезиолози… Чашата е прелеана. Министерството за здравство го достигна дното. Требаше да си заминете уште по смртта на Тамара. Без образ и без срам ги трошите народните пари – рече Шахпаска.

Во својот говор министерот Тодоров не спомна ништо за трагичните случаи поради кои илјадници граѓани излегоа на улиците да ја бараат неговата оставка. Тодоров цело време ги промовираше досега сработените проекти во здравството.

– Многу неточности кажавте во Вашиот говор. Денеска се чека само три дена во јавно здравство. Нема да дозволам да паднам на Вашите политички игри. Денеска ќе зборувам за тоа што е направено досега во здравството. По 35 години има државна кардиохирургија, детска кардиохирургија која успешно функционира со повеќе од 160 интервенции, реконструкција на Градската болница „8 Септември“… – рече Тодоров.

Пратениците во моментов се на пауза, а расправата за интерпелацијата на Тодоров ќе продолжи по 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...