fbpx

Собранието денеска ќе ги избира членовите на ДИК

-

Денеска, во 11 часот, во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, на која ќе се утврдува предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и на членови на Државната изборна комисија.

По оваа комисиска седница се очекува да се одржи и пленарна седница, на која ќе се именуваат новите членови на ДИК.

Лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, во заедничката писмена изјава, вчера го поздравија договорот за целосниот состав на ДИК и го повикаа Собранието да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК.

„Го покануваме Собранието да ги финализира неопходните постапки што е можно побргу, за комисијата да почне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборниот период. Ги повикуваме сите државни институции целосно да ја поддржат комисијата во оваа тешка задача. Ја повикуваме комисијата да ги донесе неопходните одлуки за прашања, како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар за методологиите за проверка на избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки, врз основа на законските начела, без политичко влијание“, стои во изјавата.

Политичките лидери, исто така, ги повикаа и граѓаните да ги пријават сите неправилности што ќе ги воочат до ДИК и до другите официјални тела со релевантни овластувања, како што е Народниот правобранител.

Неколкучасовната лидерска средба, сепак, заврши без договор за реформите во медиумите, но како што се дознава, за нив ќе се расправа во наредните денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...