Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,4 проценти, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во октомври 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 4,4 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,3 проценти.