fbpx

Новите членови на ДИК денеска ќе дадат свечена заклетва

-

Денеска, во 14 часот, пред пратениците во Собранието, новите членови на ДИК треба да дадат свечена заклетва.

Членови од редот на експертите се Александар Чичаковски, кој ќе биде и претседател на комисијата, Реџеп Прекопуца кој ќе биде и потпретседател, и Атанас Урумов.

Членови од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Силвана Бонева и Сашо Срцев, од ДУИ – Субхи Јакупи, од СДСМ – Виолета Дума и Игор Милев, а од ДПА – Бедредин Ибраими.

Новиот состав на ДИК беше договорен на средба меѓу претседателите на четирите најголеми партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...